Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ со 26 амандмани на предлог-законот за попис

Фото: Б. Грданоски

 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе 26 амандмани на законот за попис, што според нив се суштински амандмани, а ќе ги аргументираат за време на расправата.

– Со загриженост ги следиме настаните затоа што во јавноста се бара оправдување за да се избегнат некои од барањата кои што ги има ВМРО-ДПМНЕ по однос на ова статистичка операција која што би требало да се направи. Значи избегнувањето на обезбедување на фингерпринт е навистина нешто што не дава сигурност во целата постапка. Образложенијата дека тоа е скапа операција и ќе треба време не држи затоа што таква одлука за набавка во државната изборна комисија за таква апаратура има, меѓутоа не се префрлени пари од буџетот во ДИК за тоа. Сметаме доколку навистина ова треба да го направиме како што треба да го направиме дека е многу лесно државата да префрли пари за да бидат обезбедени овие апарати за отисок од прст со што на многу лесен начин ќе успееме да резидентното население го одвоиме од државјаните во Република Македонија – рече НИкола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Вели дека ако навистина сакаат да биде статистичка операција би требало методологијата да биде составен дел на законот за да можат пратениците кои го носат законот да имаат увид во целата методологија и да продискутираме по неа.