Хрватските пилоти се вклучија во гаснење на пожарите во Франција. Макрон на X: „Ви благодарам, Хрватска“


Бордо- Припадници на 855-та противпожарна ескадрила на хрватските воздухопловни сили се ангажирани во гаснењето големи пожари во областа Бордо во Франција. Хрватските сили денес помагаат на локацијата Бискарос, каде што се активни пожари од големи размери, објави Министерството за одбрана. Хрватските воени пилоти се во Франција од петок, 24 јули. Првиот ден беа ангажирани во […]

Администрацијата на Трамп призна дека ги откажала субвенциите за „сините“ држави


Вашингтон- Функционерите на администрацијата на Трамп признаа пред федералниот суд дека препорачале прекинување на милијарди долари субвенции за проекти за чиста енергија, врз основа само на тоа дали претседателот Доналд Трамп ги добил изборите во 2024 година во предметните држави. Поради ова признание, претставниците на демократите ја обвинија администрацијата за злоупотреба на моќ, пишува CNN. […]

ЦУК: Пожарот во парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола


 Пожарот што избувна во парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али. Според него, веднаш по пријавата за пожарот, ЦУК ги контактирал и ги координирал надлежните институции, додека Противпожарната бригада на Град Скопје интервенирала на терен. – Пожарот во парк-шумата Гази Баба е ставен под […]

Ова се планинарите од Босна и Херцеговина кои загинаа во Русија


Петмина планинари од Зеница загинаа додека се искачуваа на планината Елбрус во Русија. Според медиумите од БиХ, жртвите биле докторката Мелиха Чаушевиќ, Алма и Денис Окановиќ, Алмир Кривдиќ и Нермин Талам. Двајца членови на експедицијата, Харис Адиловиќ и Кемал Видимлиќ, ја преживеале несреќата. Босанските медиуми ја објавија и последната изјава на еден од паднатите планинари […]

Скопје ќе добие нова комунална опрема и електрични автобуси, најави Мицкоски


По голготата што ја проживуваат Скопјани со ѓубрето кое се собира еднаш месечно во населбите, и со застарениот градски превоз кој ниеднаш не е исчистен во внатрешноста на автобусите, премиерот Мицкоски на денешната прес-конференција изјави дека Владата ќе продолжи со поддршка на развојните проекти во Скопје, најавувајќи дека до крајот на годината главниот град ќе […]

Клучката кај Момин Поток ќе биде завршена до Нова година


Градежните работи на клучката кај Момин Поток се 75 проценти реализирани. Овој потег ќе биде завршен до Нова година, а по пуштањето во употреба сериозно ќе го намали метежот и ќе овозможи сугурен, безбеден сообраќај, рече денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид во градежните работи.  -Пред седум […]

Мицкоски: призна: Средствата позајмени од МНАВ, МЕПСО и Лотарија ќе се користат за отплата на кредит


Средствата обезбедени преку краткорочна позајмица од М-НАВ, МЕПСО, Државна лотарија и од сопствени извори на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ќе бидат искористени за сервисирање на обврски кон кинеска банка поврзани со изградбата на автопатите, а во текот на август ќе им бидат вратени на компаниите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско […]

Грчката планина Олимп впишана во Списокот на светското наследство на УНЕСКО


Атина – Поширокиот регион на највисоката грчка планина Олимп, од денеска е дел од Списокот на светско наследство на УНЕСКО по едногласна одлука на надлежниот Комитет донесена на 48-та сесија што се одржува во Јужна Кореја, соопштија Министерствата за култура и животна средина и за енергетика на Грција. Според нив, одлуката е „едно од најзначајните […]

Југославија имаше свој Одисеј – Беким Фехмиу


Деновиве многу се зборува за најновиот филм на Нолан – Одисеја, но ретко кој памети дека многу критичари ја сметаат серијата од 1968 година, во која главниот лик го толкуваше Беким Фехмиу, за најверна адаптација на Хомеровиот еп. Преведена и како „Авантурите на Одисеј“, мини-серијата од осум епизоди заснована на Хомеровата Одисеја, првпат емитувана на […]

Пожар избувна во парк шумата Гази Баба – Скопската пожарна на терен


Гори парк-шумата во скопската општина Гази Баба. Чадот се забележува од повеќе места во Скопје. Огнот е многу блиску до населеното место. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) и од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопштија дека екипи на Скопската пожарна се на терен.          

СДСМ: Денес се сеќаваме на земјотресот што го разурна Скопје – денес имаме разурната Македонија


  Денес се сеќаваме на земјотресот што го разурна Скопје – денес имаме разурната цела Македонија, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Правејќи паралела со катастрофалниот земјотрес од 1963 година, од СДСМ посочуваат дека тоа било природна катастрофа, а денес, како што велат во објавата од опозициската партија, државата се соочува со системска непогода. […]

Oблачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и силен ветер се очекува утре


Времето утре ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.  Според прогнозата, на одделни места ветерот ќе достигнува брзина поголема од 60 километри на час.  Метеоролозите најавуваат дека […]

Сатурн е во ретроградна положба: Овие знаци ги следат најголемите животни лекции


Ретроградната положба на Сатурн често се опишува како период во кој надворешниот напредок се забавува за да се направи простор за внатрешен раст. Наместо брзи промени и лесни решенија, акцентот е на преиспитување на одлуките, преземање одговорност и завршување на лекциите што се одложени долго време. Иако сите знаци ќе го почувствуваат неговото влијание, астролозите […]

Трет дрон соборен во романскиот воздушен простор, Букурешт ќе поднесе дипломатски протест до Москва


Букурешт – Романските воздухопловни сили собориле уште еден дрон што неавторизирано навлегол во воздушниот простор на Романија, соопшти денеска Министерството за национална одбрана. Станува збор за трет таков случај во последните три дена. Дронот бил соборен во 10:13 часот од борбен авион „Ф-16“ над романските територијални води на Црното Море, на околу 12 километри североисточно од […]

МНТ ја отвара новата сезона со премиера на „Три сестри“ по година на награди и меѓународни гостувања


Македонскиот народен театар ја заокружи сезоната 2025/2026 со нови премиери, значајни награди и бројни меѓународни гостувања и ја одбележа 80 годишнината на театарот   Воедно и ја најавува новата сезона со премиера на претставата „Три сестри“   Македонскиот народен театар новата сезона 2026/2027 ќе ја започне со премиерата на претставата „Три сестри“, според драмата на […]

63 години по скопскиот земјотрес – се сеќаваме со безвременските песни на Драган Мијалковски


Македонската метропола вечерва оддава почит на својата најтешка историска рана, одбележувајќи шеесет и три години од катастрофалниот земјотрес кој засекогаш го промени ликот и судбината на градот. По тој повод, легендарниот пејач Драган Мијалковски ќе одржи целовечерен концерт под наслов „Скопје радост моја“, сместен кај познатата фонтана „Лотосов цвет“ во Градскиот парк, во 21 часот. […]

„Одисеја“ на Нолан испишува историја, надминувајќи еден од неговите најголеми хитови


Новиот филм на Кристофер Нолан „Одисејата“, адаптација на античкиот грчки еп, продолжува да се пласира добро на кино благајните во вториот викенд. Оригиналната приказна, која му се припишува на Хомер, датира од 8 век п.н.е., а нејзината модерна верзија со ѕвездена екипа привлекува публика во кината, пишува ScreenRant. Рекорден втор викенд Заработката на филмот во […]

Левица: ДПМНЕ утре ќе го гласа ребалансот со кој секој десетти денар е позајмен


Утре, на собраниската седница, власта ќе побара од пратениците да го изгласаат ребалансот на Буџетот за 2026 година – документ со кој расходите се искачуваат на 425,2 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит расте од 39,2 на 46,1 милијарда денари, односно на 4,1% од БДП. За покривање на дефицитот и отплата на обврските се предвидуваат 76,4 […]

Огромни пожари во Франција и Шпанија. Бордо размислува за целосна евакуација на градот


  Големи пожари продолжуваат да се шират во Шпанија и Франција, а властите предупредуваат дека ситуацијата останува многу сериозна. Едно лице загина во пожар, кој сега е под контрола, во близина на Валенсија во источна Шпанија. Во Шпанија, најкритичните области се Мадрид, Авила и Толедо, каде што пожарите сè уште не се под контрола и […]

Трагедија во Русија. Загинаа пет планинари од Босна и Херцеговина


Пет планинари од Босна и Херцеговина загинаа на планината Елбрус во Русија. Според информациите објавени од рускиот портал Лента, кои потекнуваат од Телеграм каналот SHOT, само двајца членови на експедицијата ги преживеале исклучително тешките услови на планината, пишува N1 БиХ. Истражниот комитет на Руската Федерација за Кабардино-Балкарија објави дека е започната истрага. Според нивното соопштение, […]