Си-ен-ен: Трамп ги запира нападите врз Иран по предупредувањето од војската


Вашингтон – Потпретседателот Џ.Д. Венс и началникот на Здружениот штаб на воорупредупредувањето од војскатажените сили, Ден Кејн, предупредија за можноста за ескалација на војната со Иран за време на состанокот со претседателот Доналд Трамп во Белата куќа во петокот. Во исто време, САД се чини дека привремено ја запреа својата кампања за бомбардирање во Иран […]

Санкциите на ЕУ кон Русија ги приземјија најдобрите шпански хеликоптери за гаснење пожари


Мадрид – Шпанија влезе во сезоната на шумски пожари со висок ризик со значително ослабени воздухопловни сили. Владата повеќе не може да смета на хеликоптерите Камов Ка-32 11BC, кои со децении се користат за заштита на шумите. Нивното приземјување не е резултат на финансиски кратења, туку директна последица од санкциите што Европската Унија ги воведе […]

Предизвикот „24ч Адреналин“ ќе ги поврзе воздухот, земјата и водата во еднодневна авантура низ Македонија


Во Македонија денеска ќе се одржи спортско-авантуристичкиот предизвик „24h Адреналин“, во рамки на кој двајца учесници ќе се обидат во рок од 24 часа да поврзат девет различни активности низ воздух, земја и вода, соопштија организаторите. Според најавата, предизвикот ќе почне со изгрејсонце на аеродромот Стенковец, а ќе заврши доцна навечер на брегот на Охридското […]

На ГП „Богородица“ се чека околу 30 минути за излез од државата


На граничниот премин (ГП) „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на […]

Еден загинат, 16 повредени во инцидент на Парадата на гордоста во Берлин


Берлин – Возило влета во толпа синоќа за време на одржувањето на Парадата на гордоста во Берлин, при што едно лице загина, а најмалку 16 се повредени, поради што полицијата ја прекина манифестацијата неколку часа по нејзиниот почеток. Полицијата соопшти дека дел од повредените се во животна опасност. Пожарникари и екипи на итната медицинска помош пристигнаа […]

Триесеттина повредени во сообраќајна несреќа на автопат во Германија


Берлин – Најмалку 34 лица, меѓу кои и неколку деца, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случи на на автопатот А9 во германската покраина Тирингија, откако возило за кампување удрило во колона формирана поради застој во сообраќајот. Сите повредени се здобиле со лесни до средно тешки повреди и не се во животна опасност, […]

Изложба „Архив на тага: Скопје 1963″ и промоција на дополнетото и двојазично издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“


Во Музејот на град Скопје вечер во 20, 30 часот ќе биде отворена изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот, а воедно ќе биде  промовирано и дополнетото и двојазично издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“/”Laments […]

ЕУ одобри 140,5 милиони евра неповратни средства за поддршка на реформите во БиХ


Сараево – Европската Унија одобри 140,5 милиони евра неповратни средства за Босна и Херцеговина, во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III) за периодот 2025–2027 година, соопшти денеска Делегацијата на Европската Унија во БиХ. „Европската Унија останува најдоследниот партнер на Босна и Херцеговина“, порача Делегацијата на ЕУ во Сараево во објава на социјалната мрежа „Икс“, […]

Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес


Скопје денеска ја одбележува 63. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени. Во рамки на одбележувањето, делегација на Собранието составена од пратениците Сергеј Попов и Даниела Николова, во 10 часот ќе положи венец со цвеќе пред Споменикот на жртвите од […]

Сончево и ветровито


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 26 јули 2026 година, 207-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 158 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 21 минути, а ќе зајде во 19 часот и 37 минути. Денов трае 14 часа и 37 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

Британска вечер на „Охридско лето“ со пијанистаката Исата Кане-Мејсон


Британската вечер на 66. Издание на фестивалот „Охридско лето“ што се одржува со поддршка на Амбасадата на Обединетото Кралство во земјава, денеска во црквата „Света Софија“ од 21 часот ќе донесе концерт на пијанистката Исата Кане-Мејсон.   Пијанистката Исата Кане-Мејсон е препознатлива по нејзините еклектични и стимулативни рецитални програми кои нудат интересен спој на делата на […]

Незаборавна Шпанска вечер на „Охридско лето“  – публиката уживаше во секоја отсвирена нота на триото „Вибрарт“


Бурни и стоечки овации за пијано триото „Вибрарт“  од публиката што вчеравечер го проследи нивниот концерт во рамки на традицоналната Шпанска вечер на „Охридско лето“. Вечерта ја отвори амбасадорот на Кралството Шпанија во РС Македонија, Рафаел Сориано Ортиз кој нагласи дека главната цел на заедничката културна програма е да се  изградат мостови кои ќе ги […]

„Фолксваген“ ја подготвува најголемата чистка во историјата: Половина од моделите ќе исчезнат


Фолксваген подготвува една од најголемите промени во својата понова историја. Германскиот автомобилски гигант планира да ја намали својата понуда за дури 50 проценти до крајот на деценијата, а воедно драстично да ги поедностави конфигурациите и опремата, пишува Autocar. Целта е јасна – да се намалат трошоците, да се зголеми профитабилноста и да се поедностави понудата […]

Орбан ја спореди Унгарија со Венецуела и повика на „отпор“


  Време е унгарската партија Фидес да се отцепи од опозициската политика и да воспостави нова „политика на отпор“, нагласи поранешниот премиер и лидер на партијата Виктор Орбан во говорот во саботата. Зборувајќи на Летниот универзитет Балвањош, Орбан, кој беше симнат од власта по 16 години по изборите во април, рече дека повеќе нема време […]

Не е само бела: Три бои на облека се најдобри за жештината – една ќе ве изненади


Белата отсекогаш се сметала за најдобра боја за носење во жештината, меѓутоа, белата не е толку одлична за одржување на чистотата кога е изложена на пот и крема за сончање. Сите знаеме разни совети за одржување на нашите домови ладни, како што се спуштање на завесите и затворање на ролетните за да се заштитиме од […]

Тајната на птичјата песна: Научниците открија кои осум звуци ги сочинуваат сите песни во светот


Француските научници ги открија основните градежни блокови на неверојатната разновидност на птичјата песна. Преку обемни истражувања, утврдено е дека сите сложени и разновидни песни на птиците низ планетата се состојат од комбинации од осум фундаментални звучни елементи, наречени мотиви. Анализирајќи повеќе од 116.000 снимки од пеењето на повеќе од 3.000 различни видови птици, тим експерти […]

Трамп: „Благодарам господине Радев“


  Американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на бугарскиот премиер Румен Радев за одлуката на Бугарија да распореди американски авиони во бугарска база и покрај нотата и заканите од Иран. Трамп ја изрази својата благодарност во кратка објава на неговата социјална мрежа Truth Social. „Ви благодарам, господине премиере Радев!“, се вели во објавата. „Бугарија […]

Волкер Турк ги победи Русија, САД и Израел: Повторно назначен за комесар за човекови права на ОН


Генералното собрание на Обединетите нации гласаше за повторно назначување на Волкер Турк за висок комесар на ОН за човекови права за втор четиригодишен мандат. Турк беше повторно назначен и покрај противењето на САД, Русија и Израел. 144 држави гласаа за неговото повторно назначување, 10 беа против, додека 13 беа воздржани. Со ова беше отфрлен американскиот […]

Му нема рамен: Прекрасниот Погачар ја обезбеди титулата на најголемата трка во светот по петти пат


Еквадорецот Ричард Карапас (EF Education-EasyPost) е победник на „кралската“ 20-та етапа од овогодинешното издание на „Тур де Франс“, возена од Бур д’Оасан до Алп д’Ез во должина од 171 километар, додека Словенецот Тадеј Погачар (UAE Emirates-XRG) ја обезбеди својата петта титула во најголемата велосипедска трка во светот. Специјалистот за бегство Карапас успеа да ја освои […]