Не е само бела: Три бои на облека се најдобри за жештината – една ќе ве изненади
Белата отсекогаш се сметала за најдобра боја за носење во жештината, меѓутоа, белата не е толку одлична за одржување на чистотата кога е изложена на пот и крема за сончање.
Сите знаеме разни совети за одржување на нашите домови ладни, како што се спуштање на завесите и затворање на ролетните за да се заштитиме од сонцето. Но, кога станува збор за избор на облека за излегување и носење за време на топлотен бран, можеби треба да размислиме повторно што да носиме.
Белата е најдобрата боја во која помалку ќе ја чувствуваме топлината, меѓутоа, не е многу добра за одржување кога станува збор за потење и крема за сончање која, без сомнение, секогаш остава несакани дамки. Ако не сакате да се борите со пожолтување под пазувите и на јаката, некои други бои се посоодветни, а во исто време многу добро ги рефлектираат сончевите зраци. По белата, боите за кои научно е докажано дека го одржуваат телото ладно се жолтата, сивата и, уште поизненадувачки, црвената.
Од друга страна, треба да избегнувате сина, како и светло зелена, темно зелена и црна. Овие бои слабо ги одразуваат сончевите зраци, односно ја задржуваат топлината.