(Видео) Драматични снимки од околината на Мадрид: Погледнете колку брзо се шири пожарот


Драматични снимки направени во петокот во град во близина на Мадрид јасно покажуваат колку брзо можат да се прошират големите шумски пожари што беснеат во Шпанија во последните денови. Видеото прикажува пламени како се спуштаат по рид низ сува вегетација и опасно се приближуваат кон семеен дом за многу кратко време. Cette vidéo vient d’Espagne. […]

Туристите за пожарот: Француската жандармерија одеше од врата до врата, како во филм


Бројни семејства раскажаа како нивните летни одмори во Франција и Шпанија се претвориле во панично бегство од разорните шумски пожари. Брзо ширените пожари принудија повеќе од 220.000 луѓе да ги напуштат своите домови и одморалишта. Туристите опишаа итни предупредувања среде ноќ, возејќи на само неколку метри од пламенот и сцени на луѓе кои трчаат со […]

Општина Чешиново-Облешево згрижи неколку повредени штркови по невремето


По силното невреме што неодамна ја зафати Општина Чешиново-Облешево, локалната самоуправа згрижи неколку млади штркови кои паднале од своите гнезда. За птиците секојдневно се обезбедуваат соодветна нега, храна и вода, сѐ до нивното целосно закрепнување. Од Општината информираат дека два од згрижените штркови веќе се подготвени повторно да полетаат, додека за останатите ќе продолжи грижата […]

Превртеле 30 тонски трансформатори и украле бакар од електровлечната потстаница на железницата во Драчево


Во електровлечната потстаница Драчево, лоцирана помеѓу железничките станици Лисиче и Драчево, е извршена кражба од големи размери, при што е предизвикано целосно уништување на значаен дел од електроенергетската опрема на железничката инфраструктура, соопшти Министерството за транспорт и врски.   При кражбата биле насилно превртени два големи електроенергетски трансформатори, секој со тежина од над 30 тони. […]

Шукова: Катастрофата во Гостивар можеше да се спречи


Катастрофата во Гостивар можеше да се спречи доколку институциите реагираа навреме, доколку предупредувачките знаци не беа игнорирани и доколку граѓаните беа навремено информирани, нагласи претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова, во интервју, за Македонската радио-телевизија, се вели во соопштението од СДСМ. Шукова посочи дека задоцнетата реакција на надлежните институции доведе до сериозна […]

Обвинителството во Црна Гора одреди 72-часовно задржување за Македонката која со автомобил усмрти куче


Основното државно обвинителство во Улцињ донесе одлука за задржување до 72 часа на државјанка на Македонија со иницијали С.С., која се сомничи за кривичното дело „убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште“. Според информациите од обвинителството, инцидентот се случил во близина на Булеварот „Теута“, каде што осомничената, управувајќи автомобил „Мерцедес“, прегазила домашно куче […]

Орбан повика на „отпор“ против новата унгарска власт предводена од Петер Маѓар


Поранешниот унгарски премиер, Виктор Орбан, денеска го повика членството и симпатизерите на неговата партија „Фидес“ на „отпор“ против, како што рече, „самоволното владеење“ на неговиот наследник, Петер Маѓар. Во своето прво поголемо јавно појавување по изборниот пораз во април, Орбан пред своите поддржувачи во романското бањско лекувалиште Баиле Тушнад изјави дека „Фидес сега мора да […]

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при


Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ги освои квалификациите за 11. трка од шампионатот во Формула 1 во 2026 година во Унгарија. Неговото најдобро време на круг беше 1 минута и 17,207 секунди. Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, беше втор со само 0,012 секунди зад Норис. Третото место во квалификациите го освои уште еден возач на […]

Намален бројот на лица од Гостивар што се јавуваат за лекарска помош, водата во Лешок е со таков кавалитет една деценија


Министерот за здравство Сашо Клековски ја посети Специјалната болница за белодробни заболувања во Лешок по најавите во медиумите дека водата за пиење во болницата не е во исправна состојба. Зборувајќи за моменталната здравствена состојба на граѓаните од Гостивар тој истакна дека се забележува намалување на бројот на лица што се јавуваат за лекарска помош. -Денеска […]

Службеник од Агенцијата за вработување во Прилеп барал и земал поткуп за да не укинат социјалната помош


Со месеци барал и земал пари од сиромашен граѓанин за да не му ја укине социјалната помош – чиновничка тешка злоупотреба на службената положба беше разоткриена во Прилеп. Жртвата била 47-годишен невработен прилепчанец и примател на социјална помош, кој поради нарушено здравје морал да одбие понудено работно место во фабрика во Битола. Наместо да ги […]

Клековски: Одговорност за Гостивар ќе има, но да не биде линч


Забавување во системот за рано предупредување од три до четири дена е регистрирано при првичните известувања за инфекциите во Гостивар, потврди министерот за здравство Сашо Клековски. Според неговите изјави, надлежните служби веќе ги анализираат сите медицински податоци и повици до матичните лекари за точно да се утврди хронологијата на настаните. Клековски беше дециден дека утврдувањето […]

Прилепчани пијат исправна и квалитетна вода


Водата во Прилеп е бактериолошки исправна и нема никаков проблем, потврдуваат од прилепскиот Центар за јавно здравје и од ЈП „Водовод и канализација“ од Прилеп. Од почетокот на јули досега, Центарот за јавно здравје кој секојдневно прави анализи на водата за пиење во Прилеп, се земени 55 примероци на вода за пиење од градскиот водовод, […]

Панел-дискусија во Велес: За трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези


Подзаконските акти за Законот за органодарителство – уредбите и правилникот се ставени на јавна расправа на веб-страната на Министерството за здравство по  што се очекува да поминат на седница на Владата.  Со примената на Законот за органодарителство, најавена за 1 октомври годинава,  граѓаните ќе може кај својот матичен лекар да потпишат согласност за органодарителство.  Во […]

Околу еден милион денари е штетата по невремето, на кровните конструкции на училиште и градинка во Штип


Околу еден милион денари се потребни за санација на кровните конструкции на Општинското основно училиште (ООУ) „Ванче Прќе“ и на градинката „Вера Циривири-Трена“ покажаа пресметките на проценителите по силното невреме проследено со дожд и ветар кој се движел со бризина од 134 километри на час во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов вели дека […]

Серафимовски: Жетвата на пченицата привршува – следува состанок за цената


Жетвата на пченицата во земјава привршува, а по анализите преку средба со земјоделците и откупувачите ќе се дефинира цената и да се види како да им се помогне на земјоделците. По ребалансот на буџетот на име на субвенции на сите земјоделци треба да им се исплатат околу една милијарда и 200 милиони денари, изјави министерот […]

Мочуриште во Џорџија и храм во Тајланд се меѓу новите локации на листата на УНЕСКО


На состанокот во Бусан, Јужна Кореја, во саботата, комитетот на УНЕСКО додаде неколку нови локации од САД, Тајланд, Јужна Кореја, Кина и Коморите на листата на светско наследство. Меѓу новите локации е и мочуриштето Окефеноки во американската држава Џорџија, еден од најголемите слатководни екосистеми во светот. Тоа е широка мрежа на мочуришта со исклучителна биолошка […]

Спасени 12 лица од глисерот што потона кај Сулавеси, се трага по капетанот


Спасувачките екипи во Индонезија ги пронајдоа живи 11-те европски туристи и еден локален член на екипажот кои се водеа за исчезнати откако глисерот со кој патувале се распаднал и потонал поради лошите временски услови кај островот Сулавеси. Во тек е потрага по 29-годишниот капетан на пловилото. Глисерот во вчера изутрината испловил од нуркачкиот центар во […]

Тинејџер прободен во градниот кош – тврди дека бил повреден во игра


Ноќеска во 01:12 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет на градниот кош бил донесен 15-годишник од Скопје. Како што се наведува во полицискиот билтен, во разговор со полициски службеници тој изјавил дека бил повреден во населба Гази Баба од малолетник кој го […]

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите за Преговарачката рамка


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски преку објава на Фејсбук упати критики до поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи, обвинувајќи го дека ги извртува фактите и дека нема политички кредибилитет да ја коментира политиката на актуелната Влада. Според Муцунски, Османи „многу добро знае што преговараше, што прифаќаше и во каква позиција […]

Италијанскиот министер за одбрана му понудил советничка функција на сменетиот украински колега Федоров


 Италијанскиот министер за одбрана, Гвидо Крозето, изјави дека му понудил на неодамна сменетиот украински министер, Михајло Федоров, да биде негов советник. Одговарајќи на прашање на италијанскиот весник „Ла Република“ како реагирал Федоров на понудата, Крозето изјавил дека поранешниот министер бил „трогнат“ и дека ја доживеал како „израз на почит и пријателство“. Крозето го пофали Федоров […]