Службеник од Агенцијата за вработување во Прилеп барал и земал поткуп за да не укинат социјалната помош
Со месеци барал и земал пари од сиромашен граѓанин за да не му ја укине социјалната помош – чиновничка тешка злоупотреба на службената положба беше разоткриена во Прилеп.
Жртвата била 47-годишен невработен прилепчанец и примател на социјална помош, кој поради нарушено здравје морал да одбие понудено работно место во фабрика во Битола.
Наместо да ги заштити неговите права, службеникот во Агенцијата за вработување го искористил здравствениот проблем на граѓанинот и во неколку наврати, во периодот од април до јули, му барал и земал поткуп под закана дека ќе го избрише од регистарот.
За овој грозоморен случај на уцена, полициски службеници му ставија лисици на рацете на 50-годишниот Д.Т. од Прилеп.
За време на претресот во неговиот дом, кој бил извршен со судска наредба, инспекторите пронајдоа и запленија предмети кои директно го поврзуваат со ова кривично дело.
По целосно документирање на случајот, полицијата против корумпираниот службеник ќе поднесе соодветна кривична пријава за „примање поткуп“.
„На 24.07.2026 во 17:15 часот во Прилеп, полициски службеници го лишија од слобода Д.Т.(50) од Прилеп, вработен во АВРСМ, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп”. Според пријавеното, тој на 47-годишно лице од Прилеп, невработено и примател на социјална помош, од април до јули во неколку наврати побрал и примил поткуп за да не му ја укинат социјалната помош затоа што од здравствени причини одбил работно место во фабрика во Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети од кривичното дело. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од полицијата.