Радовишанец повеќе од една година живеел со девојче и го силувал
Злоставувач од Радовишко бил уапсен бидејќи повеќе од една година живеел со девојче и неколкупати ја силувал.
„Во текот на 2025 па до 23.07.2026 во радовишко село, во куќата на родителите на малолетничката со која живеел во вонбрачна заедница, пријавениот неколку пати извршил обљуба врз неа иако знаел дека немала наполнето 15 години“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Осомничениот, на 26-годишна возраст, добил две кривични пријави за „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 и „вонбрачен живот со дете“ по член 197 од Кривичниот закон.
Радовишката полиција го лишила од слобода, а тој денес ќе биде изведен пред судија од Основен суд Струмица.