Италијанскиот министер за одбрана му понудил советничка функција на сменетиот украински колега Федоров


 Италијанскиот министер за одбрана, Гвидо Крозето, изјави дека му понудил на неодамна сменетиот украински министер, Михајло Федоров, да биде негов советник.

Одговарајќи на прашање на италијанскиот весник „Ла Република“ како реагирал Федоров на понудата, Крозето изјавил дека поранешниот министер бил „трогнат“ и дека ја доживеал како „израз на почит и пријателство“.

Крозето го пофали Федоров како двигател на воените иновации и оцени дека тој бил „еден од оние кои целосно ги променија правилата на игра на бојното поле“.

Според италијанскиот министер, Федоров со користење на нови технологии го преобликувал начинот на кој дејствува украинската војска.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, неодамна изврши промени во составот на Владата, а смената на 35-годишниот Федоров предизвика масовни јавни протести, што е ретка појава во Украина во услови на војна.

Зеленски му понудил на Федоров друга функција, но сменетиот министер ја одбил понудата.