Стажантка на НАТО уапсена за шпионажа


Канадска државјанка од кинеско потекло, која била на пракса во објект на НАТО во Белгија, е уапсена под обвинение за шпионажа, објавија белгиските обвинители во саботата.

„Таа е осомничена за шпионажа во име на трета земја и за членство во криминална организација“, објави обвинителството.

Од таму додаваат дека дополнителни детали за жената, вклучително и нејзиното име, нема да бидат објавени во овој момент.

Обвинителите рекоа дека осомничената била практикантка во Воената команда на Алијансата (SHAPE) во белгискиот град Монс.