Нетанијаху во вторник на средба со Трамп во Белата куќа


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху во вторник се очекува да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, јави ДПА, повикувајќи се на соопштение од прес-службата на израелската влада.

Според денеска објавеното соопштение, Нетанијаху ќе отпатува за Вашингтон во понеделник на покана на Трамп.

Се очекува тој да присуствува и на погребот на републиканскиот сенатор Линдзи Греам, кој важеше за исклучителен пријател на Израел. Греам, кој беше влијателна фигура во односите меѓу САД и Израел, почина на 11 јули.