Огромни пожари во Франција и Шпанија. Бордо размислува за целосна евакуација на градот
Големи пожари продолжуваат да се шират во Шпанија и Франција, а властите предупредуваат дека ситуацијата останува многу сериозна. Едно лице загина во пожар, кој сега е под контрола, во близина на Валенсија во источна Шпанија.
Во Шпанија, најкритичните области се Мадрид, Авила и Толедо, каде што пожарите сè уште не се под контрола и зависат од временските услови. Пожарот продолжува да се шири кон Мадрид.
Во Франција, пожар во Жиронда се приближува кон областа Бордо, досега уништувајќи околу 42.000 хектари, затворајќи го автопатот А63 кон Шпанија, а 220.000 луѓе се евакуирани.
Бордо, исто така, размислува за целосна евакуација на градот
Портпаролот на градската влада на Бордо за Скај њуз изјави дека градот моментално разгледува сценарија за сите можни насоки на развојот на пожарот.
Ова вклучува можност за целосна евакуација на Бордо доколку е потребно.
Чадот од пожарот силно се чувствува во градот, а квалитетот на воздухот е сериозно влошен. Загадувањето на воздухот може да предизвика и респираторни проблеми кај жителите.
Повеќе од 320.000 луѓе евакуирани во Франција и Шпанија
Околу 1.400 пожарникари, 1.500 воени лица и 1.700 безбедносни сили се распоредени во југозападна Франција, каде што се борат со големи шумски пожари.
Во гаснењето учествуваат и воздухопловните сили.
Повеќе од 320.000 луѓе досега се евакуирани во делови од Франција и Шпанија, додека пожарите продолжуваат да ја пустошат јужна Европа.