Трагедија во Русија. Загинаа пет планинари од Босна и Херцеговина
Пет планинари од Босна и Херцеговина загинаа на планината Елбрус во Русија. Според информациите објавени од рускиот портал Лента, кои потекнуваат од Телеграм каналот SHOT, само двајца членови на експедицијата ги преживеале исклучително тешките услови на планината, пишува N1 БиХ.
Истражниот комитет на Руската Федерација за Кабардино-Балкарија објави дека е започната истрага. Според нивното соопштение, група од седум планинари тргнала да се искачи на Елбрус во четврток, 25 јули. Еден од членовите успеал да се симне од планината и да пријави дека двајца од планинарите се разболеле на надморска височина од 5.100 метри.
Двајца преживеани
Еден човек се симнал од планината сам и побарал помош, додека другиот бил пронајден од спасувачите. Двајцата преживеани се хоспитализирани и во моментов се на лекарски прегледи.
Рускиот истражен комитет претходно извести за смртните случаи. „Според достапните информации, тие починале. Во тек е потрага по уште четворица планинари“, објавија тие тогаш. Институциите на Босна и Херцеговина сè уште не дале коментар за случајот.