Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница


Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година, во второ читање, денеска е на дневен ред на 118. седница на Собранието. Претресот по дополнетиот ребаланс на буџетот на седница на Собрание трае најмногу три дена.  Владата минатата недела го усвои дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, со  амандманите […]

Променливо облачно и топло, наместа пороен дожд, грмежи и силен ветер


Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер (над 60 километри на час), електрични празнења и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 27 […]

Почнува 48. Илинденски коњички марш, коњаниците тргнуваат од Горно Лисиче кон Крушево


Околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, вечер, во 18 часот, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, ќе тргнат  кон Крушево, продолжувајќи ја речиси петдецениската традиција посветена на чествувањето на Илинден и на македонските херои. Општина Аеродром ги поканува граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на учесниците на 48. […]

Се запиша во легендите: Тадеј Погачар по петти пат победи на Тур Д’Франс


113-от Тур де Франс заврши вечерва со нова победа на 27-годишниот словенечки супершампион Тадеј Погачар. Тој денеска ја прослави со својата петта победа на најпрестижната велосипедска трка напланетата и се изедначи на врвот на вечната ранг-листа со Французите Жак Анкетил и Бернар Ино, Белгиецот Еди Меркс и Шпанецот Мигел Индураин. На патот до својата петта […]

МВР воведува брзи тестови за дрога


МВР воведува брзи тестови за дрога, кои веќе се нарачани и се прилично евтин начин преку кој ќе се врши скрининг на возачите што им се сомнителни на полицајците и управуваат возила под дејство на наркотици. Еден тест чини само 218 денари, а нарачани се 10 илјади парчиња што ќе пристигнат во првата половина на […]

Убиен oсомничениот напаѓач на Берлинската парада на гордоста


Берлин – Главниот осомничен за синоќешниот терористички напад на Берлинската парада на гордоста е застрелан денеска за време на полициска операција, јави ДПА. Мажот бил застрелан од полицијата, а подоцна починал од повредите.  За време на нападот во саботата навечер, една жена беше усмртена, а 29 лица беа повредени, некои сериозно, кога напаѓачот со комбе влета […]

Општина Босилово: Заради заматување да не се пие водата од хидросистемот „Иловица“


Заради појава на заматување на водата од хидросистемот „Иловица“, ги информираме корисниците на водоснабдителниот систем „Иловица“ дека водата не треба да се користи за пиење до понатамошно известување, соопштија од Општина Босилово. -ЈКПД „Огражден“ – Босилово од утре ќе врши испуштање на водата и перење на водоснабдителниот систем. Исто така, денес се земени примероци од […]

Рама: Нема да поднесам оставка, договор имам со 800 илјади албански граѓани


Тирана – Албанскиот премиер Еди Рама, повторно реагираше на протестите и барањето за негова оставка, при што за првпат директно кажа дека нема намера да поднесе оставка. Според него, мандатот што го користи произлегува од гласот на граѓаните и не може да биде прекинат од барањата на демонстрантите. – Тие повторуваат дека не сакаат дијалог, не […]

Преземените мерки на Македониумот имаат исклучиво превентивна заштитна функција, се брани „Завод и музеј-Прилеп“


Преземените мерки на споменикот Македониум во Крушево имаат исклучиво превентивна заштитна функција. За конзервација на објектот во тек е изработка на Основен проект за конзервација,  реставрација и санација на куполата од Споменикот Илинден-Македониум, во кој ќе се дефинираат сите потребни интервенции во согласност со конзерваторските принципи, стручните стандарди и важечката законска регулатива за заштита на […]

Кристофер Нолан му кажа на Фелон дека инспекцијата на аеродромот речиси го оштетила филмот „Одисеја“


Лос Анџелес – Кристофер Нолан откри дека некои IMAX снимки од „Одисеја“ речиси се соочиле со катастрофа кога царинските службеници на аеродромот ги провериле канистрите за филм. Во четвртокот, во емисијата „Тоќната емисија со Џими Фалон“, режисерот се присети на еден момент што ги исцрпи нервите на шкотската царина, каде што безбедносните службеници „ги отвориле […]

Лишени од слобода осум лица за поседување дрога


 Осум лица кај кои полицијата пронашла дрога се лишени од слобода на територијата на целата држава во текот на изминатото деноноќие. – На 25/26.07.2026 во Скопје на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ј.Ч.(47), А.Б.(19), Ф.Р.(27), Н.К.(19), М.О.(26), сите од Скопје, В.М.(35) од с.Морани, скопско, затоа што кај нив биле […]

Полскиот урбанист Циборовски доби спомен-плоча за неговиот придонес во обновата на Скопје


Спомен-плочата во Старата скопска чаршија во чест на полскиот урбанист Адолф Циборовски е мал, но значаен чин на благодарност кон човекот кој помогна да се зачува духот на Старата скопска чаршија – истакна градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, во објава на социјалните мрежи. Ѓорѓиевски  и градоначалникот на Чаир Изет Меџити денеска ја открија спомен-плочата посветена […]

Драма во Струмичко: Насилно упаднале во дом, претепале семејство и се обиделе да киднапираат жена


Шест лица од струмичко село Просениково се осомничени за брутален напад врз едно семејство, откако насилно влегле во нивниот дом, физички ги нападнале присутните и се обиделе против нејзина волја да одведат жена. По истрагата, СВР Струмица поднесе кривични пријави против осомничените за „насилство“ , а дел од нив се товарат и за противправно лишување […]

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е резултат на робусна, интензивна дипломатска активност, вели Мицкоски


По робусна, интензивна дипломатска активност, добивме одложување Охрид да биде ставен на листата загрозено светско културно наследство. По три години, во 2029-та, ќе имаме мониторинг мисија, да се оцени што ќе испорачаме, а во 2031 година ќе биде конечниот извештај. Тоа е голем успех за сите добронамерници и за сите граѓани, со исклучок на опозицијата, […]

Германски министер: Ова беше терористички напад, можни се и нови напади


Берлин-  Министерот за внатрешни работи Александар Добриндт изјави дека нападот со возило на парадата на гордоста во Берлин бил терористички напад со исламистичка позадина и дека осомничениот е во бегство. „Сè укажува дека осомничениот дејствувал од позиција на исламистички екстремизам. Се работи за осомничен кој го привлече вниманието во минатото поради голем број кривични дела, […]

Реал има намера да добие најмалку 160 милиони евра за Винисиус


Мадрид – Реал Мадрид сака да добие најмалку 160 милиони евра од продажбата на напаѓачот Винисиус Жуниор, објави „Sport.es“. „Кралевите“ се подготвени да се разделат од 26-годишниот играч, кој го бараат Арсенал и други клубови, само ако добијат профитабилна понуда. Во сезоната 2025/26, Винисиус играше на 53 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 22 гола и 14 […]

Градоначалникот на Берлин по нападот: Ова е напад врз нашиот начин на живот


Берлин – Едно лице загина, а 16 се повредени откако возач со автомобил се удри во луѓе во близина на Парадата на гордоста во Берлин. Тројца од повредените се во критична состојба, осум се сериозно повредени, а пет се полесно повредени, соопштија пожарникарите. Според првичните извештаи, бел автомобил удрил неколку луѓе во паркот Тиергартен пред […]

Американско-рускиот екипаж се врати на Земјата по осум месеци во вселената


Астана – Американско-рускиот вселенски екипаж денеска безбедно слета на степите во Казахстан по осуммесечен престој на Меѓународната вселенска станица. Астронаутот на НАСА Крис Вилијамс и руските космонаути Сергеј Куд-Сверчков и Сергеј Микаев слетаа во капсулата „Сојуз МС-28“, која безбедно се спушти со падобран во означената област. Нивната мисија на орбиталната станица траеше 241 ден. За Вилијамс […]

Премиерот го објаснува царинскиот режим со САД


Македонија е меѓу државите кои не добија дополнителни царински давачки од Соединетите Американски Држави, но тоа не значи дека тргува без царини со САД, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги информациите поврзани со царинскиот режим на САД кон земјите од регионот. Одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека царините […]

Мицкоски вели утре технички исправна вода во Гостивар . Кој да му верува?, се прашува СДСМ


Вчера министерот Kлековски призна дека е нивна грешка. Денес одговорноста веќе е префрлена на локално ниво. Како пинг-понг. Никој не превзема одговорност. Само се префрла. Утре Гостивар треба да добие „технички исправна“ вода. Значи – сè уште не за пиење. И сега прашањето е едноставно: Како да им веруваме?, се вели во соопштението на СДСМ […]