Одлуката на УНЕСКО за Охрид е резултат на робусна, интензивна дипломатска активност, вели Мицкоски
По робусна, интензивна дипломатска активност, добивме одложување Охрид да биде ставен на листата загрозено светско културно наследство. По три години, во 2029-та, ќе имаме мониторинг мисија, да се оцени што ќе испорачаме, а во 2031 година ќе биде конечниот извештај. Тоа е голем успех за сите добронамерници и за сите граѓани, со исклучок на опозицијата, која тажи зошто тоа се случило.
Вака денеска премиерот Христијан Мицкоски, ги коментираше реакциите на СДСМ по одлуката на УНЕСКО, Охрид да го задржи статусот на светско културно наследство, на новинарско прашање.
Муцунски има план: Дивоградбите во Охрид ќе се уриваат законски. Досега ниедна не е урната