Општина Босилово: Заради заматување да не се пие водата од хидросистемот „Иловица“


Заради појава на заматување на водата од хидросистемот „Иловица“, ги информираме корисниците на водоснабдителниот систем „Иловица“ дека водата не треба да се користи за пиење до понатамошно известување, соопштија од Општина Босилово.

-ЈКПД „Огражден“ – Босилово од утре ќе врши испуштање на водата и перење на водоснабдителниот систем. Исто така, денес се земени примероци од водата за анализа од страна на акредитирана лабараторија. За резултатите од анализите ќе бидете дополнително известени, се наведува во соопштението на локалната самоуправа.

Се додава дека соопштението се објавува со цел за превентивна заштита на здравјето на граѓаните.