Америка сака бизнис, а помалку мир и демократија на Балканот


Во мај САД објавија нова политика за Западен Балкан: отсега нивните одлуки треба да бидат водени од потребата да се стремиме кон „директен поврат“ за американските компании. Ова ја заменува целта за „изградба на институции без крај“, што беше суштината на меѓународната политика од Дејтонскиот мировен договор за Босна и Херцеговина (БиХ) во 1995 година. […]

ОЈО поднесе обвинение против директорот на ДИЗ за земање поткуп од 100.000 евра


Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт до Основниот кривичен суд Скопје против Васе Анакиев, кој се товари за кривичното дело примање поткуп. Според обвинението, обвинетиот Васе Анакиев, во својство на директор на Државниот инспекторат за земјоделство, во март годинава побарал и примил значителна имотна корист за да изврши службено […]

Алиу: Имаме 168 пациенти кои чекаат за бубрег, 37 за срце – од 1 октомври доброволно пријавете се за донор


 Во моментот имаме 168 пациенти што чекаат за бубрег, 37 пациенти што чекаат за срце, 12 за црн дроб и 23 за рожници. Затоа новото законско решение за органодарителство е голем исчекор кон здравствениот систем во државата. Ова го истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција посветена на трансплантацијата. Алиу истакна дека се […]

(Фото) Генералот Гринкевич: Мора напорно да се обучувате, да сме спремни за современото бојно поле


Врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), генералот Алексус Г. Гринкевич, во присуство на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес ги посети припадниците на Армијата во касарната „Илинден“ во Скопје. За време на обраќањето пред присутните припадници на Армијата генералот Гринкевич го истакна нашето членство во најмоќниот сојуз во […]

Нема договор за Изборниот законик, следува блокада со илјадници амандмани


  И по денешната средба на координаторите на пратеничките групи во Собранието нема договор за измените на Изборниот законик. Спорно остана електронското гласање на дијаспората, кое беше црвена линија на ВМРО-ДПМНЕ за договор, но и целосно неприфатливо за СДСМ. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, очекува дека Изборниот законик ќе остане блокиран и […]

Општина Чаир распиша Јавен повик за финансиска поддршка за поставување нови лифтови


  Општина Чаир распиша Јавен повик за доделување финансиска поддршка за поставување нови лифтови во колективни станбени објекти на територијата на општината, со цел подобрување на пристапноста, безбедноста и квалитетот на животот на граѓаните. Право на учество имаат заедниците на сопственици, овластените претставници избрани од сопствениците, како и другите правни форми на организирање, согласно Законот […]

Промовирана поштенска марка по повод 250 години независност на САД – сведоштво за трајното македонско-американско пријателство


 „Пошта на Северна Македонија“ во соработка со Амбасадата на САД во земјава денеска промовираше поштенска марка по повод 250 години од независноста на Соединетите Американски Држави.   Поштенската марка не е само филателистичка вредност, туку и симбол на пријателството меѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија, беше посочено на промоцијата. – Двесте и педесетгодишнината од американската […]

Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ е отворен, но засега оди во куќите во Керамидница


  Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ конечно се става во функција, соопштија од Градот Скопје. Но, ова не значи дека од денеска може да се вози по него. Не! Од денеска се уриваат објекти кои стојат на трасата на патиштата кои треба да ги поврзат општините Аеродром, Гази Баба и Центар. Процесот беше стопиран со години, […]

Што е проблемот на Русија?


Луѓето во Русија – дури и некои од најентузијастичките провоени гласови – почнуваат да сугерираат нешто речиси незамисливо: Можеби е време Кремљ да ја запре својата целосна инвазија. Очигледно, работите не одат баш според планот. Се сеќавате ли на рускиот пратеник и поранешен воен командант Андреј Гурулев? Ако ја следите војната во Украина, дефинитивно сте […]

Влошувањето на здравјето на Ердоган предизвикува борба за моќ меѓу семејството и лојалистите во Турција


Сè почестите вербални грешки на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, очигледните моменти на конфузија, пропустите во меморијата, изливите на гнев и видливите знаци на замор ги обновија прашањата за здравјето на 72-годишниот лидер и дали влошувањето поврзано со возраста, дополнето со долгогодишна невролошка состојба, може да влијае на неговите перформанси на функцијата. Загриженоста за неговата […]

Златото пред најлошиот квартал во повеќе од една деценија


Цената на златото падна под 4.000 долари за унца и е на добар пат кон најлошиот квартален резултат во повеќе од една деценија, откако очекувањата за зголемување на каматните стапки во САД и намалување на интересот од малопродажните инвеститори предизвикаа остар пад на пазарот. Во изминатите три месеци, вредноста на златото се намали за речиси […]

Почина Виктор Вилис, фронтменот на „Вилиџ Пипл“ и автор на песната „YMCA“


Виктор Вилис, фронтменот на Village People и коавтор на нивниот хит „YMCA“, почина, објави неговото семејство. Вилис почина во вторник, 30 јуни. Веста за неговата смрт беше објавена на Фејсбук страницата на Вилис и на официјалната веб-страница на бендот. Во изјавата на неговата сопруга се наведува дека Вилис починал „како резултат на кратка, но агресивна […]

Откриено е колку заработила Меланија Трамп од документарецот за себе


Вашингтон – Меланија Трамп заработи голема сума од документарец за себе, иако филмот не успеа на кино благајните и не ја постигна очекуваната заработка. Информациите беа објавени како дел од финансискиот извештај на Доналд Трамп, пишува Unilad. Поделени реакции и неуспех на кино благајните Документарецот за првата дама, едноставно насловен како „Меланија“, почна да се […]

Лиценцата на НИС продолжена до 31 јули


Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД ја продолжи лиценцата за работа за продолжување на работата на Српската нафтена индустрија за уште 30 дена, до 31 јули, објави министерката за енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ. „OFAC штотуку нè информираше дека лиценцата за работа за продолжување на работата на НИС е […]

Мицкоски не сака да биде претседателски кандидат на изборите во 2029 година


  Премиерот Христијан Мицкоски нема намера да се кандидира за претседател на државата на изборите во 2029 година. На денешната прес конференција тој порача дека по завршувањето на премиерскиот мандат ќе се врати на факултет. Изјавата ја даде во контекст на разговорите за новиот Изборен законик, при што рече дека се шират шпекулации оти предлогот […]

САД ги укинаа извозните ограничувања за моделите на вештачка интелигенција на „Антропик“


„Антропик“ (Anthropic) во вторник соопшти дека Министерството за трговија на САД ги укинало извозните контроли за моделите на вештачка интелигенција Claude Fable 5 и Mythos 5, помалку од три недели откако му беше наредено да го суспендира пристапот до своите најнапредни модели поради ризици за националната безбедност. Американскиот министер за трговија Хауард Лутник, во писмо […]

Бесплатни проекции на македонски филмови и во јули и во август во „Синеплекс“


Агенцијата за филм и Cineplexx продолжуваат со проектот „Македонски филм. На големо платно.“, кој ова лето носи богата програма со бесплатни проекции на македонски филмови. Во текот на јули и август, секој понеделник од 19 часот, во Cineplexx публиката ќе може да проследи внимателно избрана селекција од долгометражни, омнибус, кратки играни и анимирани филмови. Влезот […]

Алиу: Додека сум министер ќе придонесувам кон здравствениот систем – дигитализацијата мора да продолжи


 Додека сум министер, постојано ќе придонесувам кон здравствениот систем, а и потоа ќе давам максимум од себе за заедницата. Ова го изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарски прашања. – Значи, јас уште сум министер за здравство до моментот кога во Собрание ќе се изгласа нов министер, и до тој ден, секоја […]

„Ќутете да слушнеме како ќе пука!“ Девојче на колена моли да престанат да го малтретираат врснички во Аеродром


Вознемирувачко видео кое се шири на социјалните мрежи прикажува врсничко насилство врз малолетно девојче во скопската населба Аеродром. На снимката се гледа како девојчето, клекнато на колена, моли за милост, додека неколку други девојчиња го навредуваат, му удираат шлаканици и го влечат за коса. Во меѓувреме, присутните не интервенираат, туку го снимаат инцидентот со мобилни […]

Во Шпанија во јуни од екстремно топлото време починале 1.028 луѓе


Мадрид– Во Шпанија минатиот месец регистрирани се 1.028 смртни случаи поврзани со топлотниот бран што ја зафати Европа. Најголем број жртви има во Каталонија, Баскија, Кастиља и Леон, Мадрид и во Андалузија. Тоа е речиси двојно повеќе во споредба со 407 смртни случаи регистрирани во јуни 2025 година. На 23 јуни е регистриран најжешкиот јунски […]