Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ е отворен, но засега оди во куќите во Керамидница


default

 

Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ конечно се става во функција, соопштија од Градот Скопје.

Но, ова не значи дека од денеска може да се вози по него. Не! Од денеска се уриваат објекти кои стојат на трасата на патиштата кои треба да ги поврзат општините Аеродром, Гази Баба и Центар.

Процесот беше стопиран со години, откако мостот беше изграден во времето на градоначалникот Петре Шилегов. Следната градоначалничка Данела Арсовска, откако се скара со партијата која ја донесе на власт, ВМРО-ДПМНЕ, беше немоќна и не можеше да се договори за експропријација на неколку објекти. Конечно, тоа „му успеа“ на Орце Ѓорѓиевски, па од денеска почна расчистувањето и пробивањето патишта.

Со решавањето на еден од најголемите предизвици – процесот на експропријација – се создадоа услови за продолжување на активностите на терен. По истекот на рокот за преселување на семејствата кои живееја на трасата, започна расчистувањето на булеварот „АСНОМ“ од страната на мостот, што претставува клучен чекор кон неговото конечно ставање во употреба. Паралелно продолжува и експропријацијата на преостанатиот дел од булеварот до неговото целосно завршување.

 

Тој посочи дека кога ја презел одговорноста да го води Скопје, ветил оти овој проблем ќе биде решен во текот на четиригодишниот мандат. Ѓорѓиевски вели дека со гордост може да каже дека тоа ветување се исполнува за помалку од една година.

– По истекот на рокот за преселување на семејствата кои живееја на трасата, денес започнуваме со расчистување на булеварот „АСНОМ“, токму од мостот „Генерал Михајло Апостолски“, со што започнува неговото конечно ставање во функција. Паралелно продолжува и процесот на експропријација на преостанатиот дел од булеварот, сѐ до неговото целосно завршување – додаде Ѓорѓиевски.