Општина Чаир распиша Јавен повик за финансиска поддршка за поставување нови лифтови
Општина Чаир распиша Јавен повик за доделување финансиска поддршка за поставување нови лифтови во колективни станбени објекти на територијата на општината, со цел подобрување на пристапноста, безбедноста и квалитетот на животот на граѓаните.
Право на учество имаат заедниците на сопственици, овластените претставници избрани од сопствениците, како и другите правни форми на организирање, согласно Законот за домување.
Јавниот повик, условите, потребната документација и роковите за пријавување ќе бидат објавени на официјалната веб-страница и на огласната табла на Општина Чаир. Општината ги повикува сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите да аплицираат и да ја искористат можноста за финансиска поддршка.
Со оваа мерка, Општина Чаир продолжува да инвестира во проекти кои директно ги подобруваат условите за живеење и создаваат побезбедна, подостапна и поквалитетна животна средина за сите граѓани.