„Ќутете да слушнеме како ќе пука!“ Девојче на колена моли да престанат да го малтретираат врснички во Аеродром


default

Вознемирувачко видео кое се шири на социјалните мрежи прикажува врсничко насилство врз малолетно девојче во скопската населба Аеродром.

На снимката се гледа како девојчето, клекнато на колена, моли за милост, додека неколку други девојчиња го навредуваат, му удираат шлаканици и го влечат за коса. Во меѓувреме, присутните не интервенираат, туку го снимаат инцидентот со мобилни телефони и ги бодрат напаѓачите.

– Ќутете да слушнеме како ќе пука – вели едно од момчињата кое снима, чекајќи друго девојче да му удри шлаканица на малтретираното.

Случајот предизвика бројни реакции во јавноста, а граѓаните бараат надлежните институции да го испитаат инцидентот и да преземат соодветни мерки против одговорните за насилството.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Роберто Навали Вести 📰🗞️🚨 (@roberto_navali_news)