Ужасна ноќ во Киев, руски ракети и дронови гаѓаа станбени згради. Загинаа 20 лица


  Бранови руски ракети и ударни дронови го погодија Киев во текот на ноќта на 2 јули, само неколку часа откако претседателот Володимир Зеленски предупреди дека Русија подготвува уште еден голем напад врз Украина. Најмалку 20 лица се убиени, соопшти Државната служба за вонредни состојби на Украина, додавајќи дека операциите за пребарување и спасување се […]

Лукровски се врати од боледување и го „ѕирна“ донираниот компостер во ЈУОДГ „Орце Николов“


Во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведен од страна на Здружение Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ), Еко Логик и Флоразон, денеска беше дониран компостер во ЈУОДГ “Орце Николов“. На настанот присуствуваше и градоначалникот Сотир Лукровски кој ја поздрави реализацијата на оваа иницијатива, истакнувајќи […]

Сослушани две од насилните малолетнички што понижуваа и тепаа 12-годишно девојче во Аеродром


Во Полициска станица извршен разговор со две малолетнички и нивни родители во врска со насилството во скопски Аеродром, следуваат кривични пријави   На 01.07.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека на 30.06.2026 околу 22:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром нејзината 12-годишна ќерка била физички нападната од 14-годишна малолетничка […]

Испораката на воената опрема во завршна фаза, склучени и нови договори со САД


Mинистерот за одбрана, Владо Мисајловски, соопшти денес дека пристигнале сите ЏИВАТИ возила, дека во понеделник во пристаништето во Солун ќе стигнат и сите лесни оклопни возила „Страјкер“ , така што до крајот на месецот ќе се заокружи целиот  договор со САД во вредност од околу 339 милиони евра. На денешната прес-конференција за сработеното за време […]

Италија го блокира огромниот пакет помош на НАТО за Украина


Италијанската влада го блокира одобрувањето на пакетот за воена помош на НАТО за Украина за 2027 година во вредност од 79,8 милијарди долари, објави германскиот весник Frankfurter Allgemeine Zeitung (FAZ), повикувајќи се на дипломатски извори. Ова го доведе во прашање продолжувањето на обврските за финансиска поддршка за Киев за следната година, пишува The New Voice […]

ЕУ ќе ги пренасочи средствата од реформскиот фонд кон Црна Гора, Албанија и Македонија


ЕУ ќе ги пренасочи средствата од реформскиот фонд за Западен Балкан кон земјите што се предводници во процесот — Црна Гора, Албанија и Македонија — бидејќи другите земји тешко ги исполнуваат реформските рокови, објави „Еуроњуз“. Европската комисија планира да ги прераспредели средствата од инструментот создаден за финансиски да ги поттикне земјите од Западен Балкан да ги […]

Харви Вајнстин хоспитализиран поради сериозни здравствени проблеми


Вашинтон – Здравствената состојба на Вајнстин е влошена, поради што тој ќе биде хоспитализиран неколку недели, додека не оздрави сосема, изјавил неговиот портпарол за Дедлајн. Според медицинските извештаи, американскиот продуцент има срцева слабост предизвикана од воспаление на белите дробови, при што претходно бил лекуван во затворското одделение на болницата Белвју, во Менхетен. Во изминатите неколку […]

Пешачките премини избледени – повеќето општини не објавиле тендер за обновување


Најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации, кое ги анализирало општинските тендери за хоризонтална сигнализација во периодот од 2023 до 2025 година покажало дека безбедноста на пешаците во многу општини е доведена во прашање поради недоволното и нередовно обележување на пешачките премини. Според резултатите, над половина од општините во државата – вкупно 46 од 81 – […]

СДСМ не ѝ верува на партијата што местеше избори дека сака фер изборни измени


  По насилното укинување на техничката Влада, Христијан Мицкоски сака со сила да воведува автократски модели. Сега сака изборен закон со кој никој нема да контролира околу 200.000 гласови, обвини и денес СДСМ, најавувајќи практично дека останува на десетте илјади амандмани со кои сака да го спречи донесувањето на измените на Изборниот закон.   „ВМРО-ДПМНЕ […]

„Пуштете ги кучињата внатре“ – Сабаленка повика Вимблдон да ја укине забраната за миленици


Лондон – Белоруската професионална тенисерка Арина Сабаленка ги повика раководителите и организаторите на турнирот Вимблдон да ја укинат забраната за влез на кучињата. За споредба, играчите им беше дозволено да ги носат своите миленици на Ролан Гарос за Отвореното првенство на Франција минатиот месец, а на домашните животни дури им беше издадена и акредитација. Сабаленка, […]

Најмногу дожд во Скопје и Куманово


 Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во одредени делови на Скопје – во Црешево се измерени 74 литри на метар квадратен, во Лисиче 63, додека во Гази Баба 44 литри на единица површина.  До 08:00 часот утрово се измерени и 32 литра на метар квадратен во Куманово, 29 во Крива Паланка, 22 во Берово, 18 […]

СДСМ ги нарече „квислинзи“ учесниците на платформата за „обединување на опозицијата“


СДСМ ги нарече „квислинзи“ учесниците на дебатата најавена како „платформа“ за разговори за иднината, оценувајќи дека тоа  е уште еден во низата обиди на Христијан Мицкоски да создаде контролирана опозиција. Како што беше објавено вчера, на дебатата зад затворена врата беа луѓе блиски до Бранко Црвенковски, но и Славјанка Петровска, екс-министерката за одбрана, и Моника […]

ДЗР: На Клиниката за торакална и васкуларна хирургија се прегледувале пациенти без термин, нема евиденција на потрошени лекови


Државниот завод за ревизија (ДЗР) го објави Конечниот ревизорски извештај за финансиското работење и усогласеноста на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија за 2024 година, во кој се констатирани слабости во управувањето со залихите, јавните набавки и наплатата на побарувањата, како и значителна оптовареност на Клиниката поради големиот број итни прегледи. […]

Филипче: Ќе го номинирам Герасимовски за нов потпретседател на СДСМ


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче преку социјалните мрежи извести дека ќе го номинира градоначалникот на Општина Центар, во два мандати, Горан Герасимовски за нов потпретседател на СДСМ. „Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда […]

Економијата на Путин работи на „шкрги“по украинските напади


Четири години, рускиот претседател Владимир Путин во голема мера успеваше да го заштити населението од економските последици од неговата војна во Украина. Но, не повеќе. Украинските ракетни и беспилотни напади врз клучната енергетска инфраструктура во последните недели ја претворија војната од релативно мал иритант што повеќето Руси можеа да го игнорираат – во непосредна и […]

Парламентарците на ЕУ не му веруваат на бугарскиот обвинител околу случајот со Илхан Ќучјук


Се очекува пратениците на ЕУ во четврток да гласаат против укинување на имунитетот на претседателот на Комитетот за правни работи на Парламентот, европратеникот на „Обнова“ Илхан Ќучјук. Ќучјук е под истрага од страна на Европското јавно обвинителство (ЕЈО), кое има мрежа на европски обвинители, вклучително и во Бугарија. Сепак, обвинителот што ја надгледува канцеларијата на […]

Трагедијата на Трамп: Прави милијарди долари, а не може да стекне почит кај нацијата!


Од одредени агли, може да изгледа како претседателот Трамп да има тежок месец. Тој го расипа реновирањето на рефлективниот базен на Споменикот на Линколн, по што обвини за акти на вандализам што никој не можел да ги оспори. Врховниот суд ги отфрли и неговото барање за жалба против граѓанската пресуда од 5 милиони долари  против […]

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се зголеми на 2.295


Една недела по катастрофалните земјотреси што ја погодија Венецуела, бројот на жртви се зголеми на најмалку 2.295, додека 11.267 лица се повредени, изјави вчера претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез. Повеќе од 26 илјади припадници на службите за итни случаи и над 17 илјади волонтери се распоредени во погодените области. Потрагата по преживеани е се […]

Двајца мртви и повеќе од 30 повредени во пожарот во германската болница


Две лица загинаа во пожарот во болница во северниот германски град Лудвигслуст, во близина на Шверин, соопштија утрово официјални лица. Портпаролката на округот Лудвигслуст-Пархим изјави за ДПА дека двете жртви биле пациенти. Полицијата го процени бројот на повредени на повеќе од 30, иако портпаролката на округот рече дека ниту еден од нив не претрпел сериозни […]

Шанса за Центар: Општината не се откажува од идејата и школските дворови да може да се даваат под наем на приватници


Oд Шанса за Центар утрово информираат дека Општина Центар не се откажува од идејата и школските дворови да може да се даваат под наем на приватници. „Откако претходниот пат советот го отфрли предлогот да може да се изнајмуваат и дворови, скривници и игралишта во школите, а намените за кои се дава под наем просторот во […]