Испораката на воената опрема во завршна фаза, склучени и нови договори со САД


Mинистерот за одбрана, Владо Мисајловски, соопшти денес дека пристигнале сите ЏИВАТИ возила, дека во понеделник во пристаништето во Солун ќе стигнат и сите страјкери, така што до крајот на месецот ќе се заокружи целиот  договор со САД во вредност од околу 339 милиони евра.

-Од новите договори со САД, сакам да информирам дека потпишаме договори за лесно пешадиско воружување, набавка на беспилотнио системи, опрема за сајбер заштита на единиците за лесната пешадиска баталјонска група, опрема за сајбер заштита на Министерството за одбрана, опрема за блиска воздухопловна поддршка, радио уреди, надградба на симулацискиот центар во Велес, технички публикации, каталог на резервни делови, тренинг и обука на кадарот, но започнавме уште нови договори за кои во следниот период ќе се заокружи процесот и во владата и во Собранието, дополни министерот Мисајловски.
 
Македонија бележи значителен напредок во исполнувањето на обврските кон НАТО, при што буџетските издвојувања за одбраната надминаа 4% од бруто-домашниот производ. Овој податок, презентиран од Владо Мисајловски, укажува на сериозен пристап кон колективната безбедност на Алијансата.