Харви Вајнстин хоспитализиран поради сериозни здравствени проблеми
Вашинтон – Здравствената состојба на Вајнстин е влошена, поради што тој ќе биде хоспитализиран неколку недели, додека не оздрави сосема, изјавил неговиот портпарол за Дедлајн.
Според медицинските извештаи, американскиот продуцент има срцева слабост предизвикана од воспаление на белите дробови, при што претходно бил лекуван во затворското одделение на болницата Белвју, во Менхетен. Во изминатите неколку години тој се соочува со повеќе здравствени проблеми.
Во септември оваа година се очекува да му биде изречена пресуда за сексуалниот напад од 2025 година.
Предметот досега неколкупати бил разгледан од судот, при што првата пресуда била поништена, а другите две завршиле без конечна одлука на судот.
Судската постапка е во тек. Обвиненијата против Вајнстин, меѓу кои и уште едно за сексуално насилство и понатаму се правосилни.