„Пуштете ги кучињата внатре“ – Сабаленка повика Вимблдон да ја укине забраната за миленици


Лондон – Белоруската професионална тенисерка Арина Сабаленка ги повика раководителите и организаторите на турнирот Вимблдон да ја укинат забраната за влез на кучињата.

За споредба, играчите им беше дозволено да ги носат своите миленици на Ролан Гарос за Отвореното првенство на Франција минатиот месец, а на домашните животни дури им беше издадена и акредитација. Сабаленка, на пр., поседува шпаниел од расата Кавалер кинг Чарлс наречен Еш, но и Марта Костјук, Анастасија Потапова, Ана Калинскаја и Хејли Баптист се меѓу ѕвездите кои ги понесоа своите кученца во Париз.

Но, Еш овојпат ќе мора да остане дома две недели, бидејќи Вимблдон се придржува до својата строга политика без кучиња. Сабаленка, која веќе е во третото коло откако го победи Мекартни Кеслер во два сета во среда, истакна дека не се согласува со тоа.

– Можам да разберам зошто ја донесоа оваа одлука. Очигледно, ако кучето направи нешто „погрешно“ во ова историско место, веројатно ќе треба малку време да се исчисти тоа. Веројатно се плашат и од други бељи внатре. Но, морам да кажам дека сите наши кучиња се многу добро дресирани. Нема да направат ништо погрешно во оваа прекрасна зграда. Мораме да го промениме тоа, објасни тенисерката.

Извршната директорка на Вимблдон, Сали Болтон потврди пред првенството дека единствените кучиња што се дозволени се кучињата за помош и кучињата за безбедност – тн. трагачи.

– Понекогаш е болно да го оставите само во куќата. Тоа навистина многу се врзува. Но, страда кога ќе остане само. Навистина ги повредува моите чувства. Тоа е како мало меко суштество кое секогаш сака гушкање и љубов. Одењето в парк со него, шетањето, е исто така, како еден вид медитација за мене… Вимблдон, Ве молам, Ве молам, пуштете ги кучињата внатре!, повика Сабаленка.

Таа, инаку, ја победи 57-та рангирана Кеслер со 2:1 во сетови (6-1, 7-6 (11-9)). Следно, светскиот број еден, која сè уште бара прва титула од Вимблдон, се соочува со поранешната шампионка на Ролан Гарос, Јелена Остапенко, во третото коло.