(Видео) Полска заплени околу еден тон хероин вреден 52 милиони евра, бил криен во декоративни тули


Полска заплени речиси еден тон хероин вреден 52 милиони евра, што е најголемата заплена на дрога во последните години, објавија властите. Британските медиуми пишуваат дека припадници на полската полиција пронајдоа големо количество наркотици во контејнери што пристигнаа од Обединетите Арапски Емирати во балтичкото пристаниште Гдиња, а властите информации за пратката добиле од британската даночна администрација. […]

Украина врати над 600 квадратни километри територија од почетокот на годината


  Вооружените сили на Украина (АСУ) вратија над 600 квадратни километри од почетокот на оваа година, изјави нивниот врховен командант Олександр Сирски, цитиран од Ројтерс. Тој напиша на Телеграм дека само минатиот месец Украина вратила 100 квадратни километри повеќе територија отколку што изгубила. Сирски не прецизираше каде се постигнати овие успеси, ограничувајќи се на тоа […]

Трамп побара од Иран и Израел „веднаш“ да престанат да се гаѓаат


  Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник побара и од Иран и од Израел „веднаш“ да ги прекинат воените напади еден врз друг. „Израел и Иран мора веднаш да престанат со ‘пукање’“, напиша Трамп на Truth Social. Во втор пост, тој додаде дека двете земји „бараат веднаш да склучат ПРЕКИН НА ОГНОТ“ и дека мировните […]

ММФ: Растот на македонската економија забрза, но конверегнцијата со ЕУ останува бавна


Растот на Северна Македонија се забрза во последните години, но конвергенцијата на приходите со Европската Унија остана бавна, додека обновениот шок на цените на енергијата претставува нов предизвик за креаторите на политиките, се вели во денеска објавенот соопштениет ма ММФ, по завршените консултациите за Член IV за 2026 година со нашата земја. Од ММФ посочуваат […]

„Алкалоид“ меѓу предводниците на одржливиот развој


„Ќе живееме со сегашните проблеми, но нашите размислувања мора да одат подалеку. ’Алкалоид’ не е само за денес и утре, туку за многу генерации што доаѓаат по нас“. Оваа изјава, дадена од Трајче Мукаетов во јануари 1986 година, ја отсликува визијата за одговорно управување, заедништво и за долгорочно создавање вредности, принципи што денес се препознаваат […]

Брисел не дал преодна оценка за Законот за судски совет, сега повторно ќе се менува!


  „Ова е како од рубриката ‘Верувале или не’“, напиша пратеничката Моника Зајкова за достигнувањата на македонското Собрание, откако пратениците добиле предлог-закон со кој се менува штотуку усвоениот Закон за судскиот совет – кој е дел од Реформската агенда и за кој ЕК не ни исплати сретства, бидејќи не е според препораките на Брисел. „Кога […]

Од мај до август се скенира состојбата во здравството: Ќе се зголеми ли квалитетот?


Министерството за здравство, со поддршка од Светската здравствена организација, Канцеларијата на СЗО во Северна Македонија и Канцеларијата на СЗО за квалитет на здравствена заштита и безбедност на пациентите во Атина, започна значајна национална иницијатива за зајакнување на квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите во земјата.   Иницијативата ја одразува заложбата на Владата за […]

Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов, кој смртно ја прегази Фросина Кулакова


Зоран Јованов, татко на Васил Јованов кој на „Партизанска“ смртно ја прегази младата Фросина Кулакова денеска добил ослободителна пресуда. Сообраќајката се случи со возило во сопственост на таткото на Васил, но Судот виновен за трагедијата го смета единствено Јованов, кој е осуден на 13 години затворска казна, пренесе „Слободен печат“. – Судот оцени дека кривична […]

Бизнис форум: Се повеќе компании во Македонија ги препознаваат придобивките од ESG стандардите и принципите на одржливост


Се повеќе компании во Македонија ги препознаваат придобивките од примената на ESG стандардите и принципите на одржливост – практики кои придонесуваат за поголема транспарентност, подобра деловно репутација и поголема отпорност на предизвиците со кои се соочува современата економија, беше речено на денешниот бизнис форум за одржливост што го организира Клубот на одговорни бизниси на Конект […]

Фискален совет на Србија: Вкупните трошоци за ЕКСПО би можеле да бидат околу 3,4 милијарди евра


Фискалниот совет на Србија денеска објави проценки дека вкупните трошоци само за ЕКСПО и директно поврзаните проекти би можеле да изнесуваат околу 3,4 милијарди евра, со предупредување дека трошоците за осум главни патни правци се зголемиле за 80 проценти во споредба со првично договорените износи. Во анализата се наведува дека стратегијата предвидува умерен фискален дефицит […]

Работната група за измени во Изборниот законик оди во погрешна насока, велат од ЛДП


  Либерално-демократската партија (ЛДП) не е задоволна како се одвива работата на измените на Изборниот законик и дека расправата тече во насока да се заштитат интересите на големите партии. ЛДП предупредува дека ако дискусијата и натаму тече во погрешна насока тие ќе се откажат од учеството во работната група. „Должни сме да ја алармираме јавноста […]

Комисиска виза за законите за користење на енергија од обновливи извори и за возила


 На денешната седница на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, поминаа предлог законите за користење на енергија од обновливи извори и за изменување и дополнување на законот за возила, во прво читање. Воведно образложение по првиот предлог закон, даде претставникот на Владата, заменик министерот Мирослав Лабудовиќ.  – Предлог законот за користење на енергија […]

Завршни зборови во процесот на поранешната директорка на Средношколскиот дом во Битола


  БИТОЛА – Денес во Основниот суд Битола заврши судењето на екс-директорката на Средношколскиот дом во Битола, Елена Спасеновска. Овој процес беше поттикнат од истражувачките стории на новинарката од Битола, Анета Блажевска. Судскиот процес се однесуваше на неколку кривични дела за Злоупотреба на службата, злоупотреба на Законот за трансформација во редовен работен однос, Фалсификување исправа […]

Годишната инфлација во мај 4,8 отсто, цените на мало поголеми за 5,6 проценти


Годишната инфлација во мај годинава мерена преку трошоците на живот, во однос истиот месе  лани, изнесува 4,8 отсто. На месечно ниво пак, односно мај во споредба со април годинава, инфлацијата изнесуваше 0,6 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.  Најголемо влијание на годишната инфлација имале трошоците за транспорт кои на годишно ниво биле поголеми за 11 […]

Шабан Салиу не потпишал дел од контролите на ДЗС за „Пулс“: Кој го држел пенкалото?


Дискотеката „Пулс“, но и други објекти во градот Кочани, не биле опфатени во плановите за надзор на Дирекцијата за заштита и спасување, беше посочено на продолжението на судењето за пожарот во кочанската дискотека. Во судницата на денешното рочиште за пожарот во „Пулс“ беа презентирани планови за квартални инспекциски контроли, годишни програми и службени документи на […]

Струјата може да поевтини 5 до 10 отсто, вели Мицкоски


Владата прави потрошувачко портфолио, кое треба да го усогласи со дистрибутерот „ЕВН хоум“ и со државниот производител ЕСМ и оваа или следната недела ќе имаат заеднички работен состанок, со што би се обезбедила просечна цена на струјата од 5 до 10 отсто поевтина од сегашната – најави денеска од Виница премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше […]

Несекојдневно и интересно: Учениците од Ново Село во балон ја завршија учебната година


Учениците од општина Ново Село учебната година ја завршуваат со необично и возбудливо искуство. Денеска како воннаставна активност околу 300 ученици во присуство на своите родители имаа можност да летат со балон на топол воздух. По осум ученици во група беа подигнати на висина до 30 метри во балон на топол воздух поврзан со сајли […]

„Смртта на трговскиот патник“ триумфираше на наградите „Тони“ 2026


79-тото телевизиско доделување на наградите „Тони“ започна со доделувањето на две големи награди во првите 30 минути – и пред гледачите да трепнат, и Џон Литгоу и Лори Меткалф ја освоија третата награда „Тони“ во своите кариери. Литгоу ја освои наградата за најдобра изведба од актер во главна улога во претставата „Џинот“, за неговото толкување […]

Ципрас сега е главен ривал на Мицотакис


  АТИНА – Новоформираната Грчка левичарска алијанса, или партија ЕЛАС на поранешниот премиер Ципрас, се појави како главна политичка сила што ѝ се спротивставува на моќната владејачка партија Нова демократија, според најновите анкети на јавното мислење. Националните избори мора да се одржат до јули 2027 година. Сепак, додека Грција се подготвува да го преземе ротирачкото […]

Меџити ќе гради албанска библиотека над плоштадот „Скендербег“


Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, најави дека Општина Чаир ги започнува постапките за реализација на значаен културен проект – трансформација на просторот над плоштадот „Скендербег“ во албанска библиотека. Новата библиотека ќе биде современ простор наменет за ученици, студенти, истражувачи и сите граѓани, создавајќи нови можности за читање, учење, истражување и културен развој. „Ќе ја […]