Изведба на сатиричната комедија „Бардо Тодор“ во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода


Црната сатирична комедија „Бардо Тодор“, вечерва со почеток во 20 часот ќе биде изведена во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во скопската населба Кисела Вода. Претставата е во режија на Сашо Миленковски, а текстот е на Сашо Кокаланов. Проектот е реализиран со поддршка на Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“. Во актерската […]

ССМ организира конференција „Жените, трудот и социјалната правда“


Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), преку Секцијата на жени на ССМ и во партнерство со Фондацијата Фридрих Еберт – Канцеларија Скопје, денеска во Скопје организира конференција на тема „Жените, трудот и социјалната правда“. Конференцијата се организира во рамки на одбележувањето на 80 години од основањето на ССМ и осум децении синдикална борба, јубилеј кој, […]

Државниот архив ја одбележува Архивската недела под моторо „Отворени за светот“


Државниот архив на Република Северна Македонија од денеска ја одбележува Архивската недела под мотото „Отворени за светот: Архивите како активна сила за правдата, меморијата и иднината“, во пресрет на 9 јуни – Меѓународниот ден на архивите. Овој ден се одбележува во чест на основањето на Меѓународниот совет на архивите (ICA) во 1948 година, под покровителство […]

Силен земјотрес регистриран во Куба


Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во северозападниот брег на Куба. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Земјотресот бил почувствуван и во Мексико и во и американската сојузна држава Флорида. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје


Во Центарот за култура „Ѓорче Петров“ денеска со почеток во 19 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Физика на радоста“ во реализација на Театар Пи. Претставата го преиспитува човекот како сложено суштество составено од сеќавања, недоизговорени приказни, стравови и емоции, поставувајќи го секој поединец во сопствен внатрешен лавиринт. Проектот е инспириран од романот „Физика на […]

Почнува Фестивалот за ментално здравје „Иницирај промена! Креирај гласно“


Во Националната галерија – Мала станица во Скопје, од 9 до 15 јуни ќе се одржи првото издание на Фестивалот на ментално здравје „Иницирај промена! Креирај Гласно“, во организација на здружението „Биди Човек“, со поддршка од повеќе ротари клубови. Фестивалот ќе биде отворен денеска во 19 часот со изложба на младински уметнички дела и панел-дискусија […]

Седница на Буџетскиот совет на Собранието


Во Собранието денеска седница ќе одржи Буџетскиот совет на Собранието.  На дневниот ред на седницата се Предлог одлуката за давање на согласност за изменување на Буџетот на Собранието за 2026 година и Предлог правилникот за начинот и условите за користење на обезбедените средства во Буџетот на Собранието наменети за Советот за граѓански надзор.

Сончево и топло


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне […]

Дали Протоколот 2 со Бугарија погрешно се интерпретира во Македонија?


360°: Вие како го читате Протоколот 2, позицијата на историската комисија и давањето резултати од нејзината работа во контекст на пристапниот процес? Силјановска-Давкова: Како го читам Протоколот 2? Протоколот 2 го читам како записник, записник на двајца министри за надворешни работи, записникот ниту бил ниту ќе може да биде правен инструмент за дополна на Договорот за пријателство […]

Сиљановска-Давкова в среда на средба со Јотова во Софија


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова в среда во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Илијана Јотова, во рамки на самитот на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, при што очекува да се отворат и суштински прашања во односите меѓу двете земји. Во интервју за „360 степени”  на МРТ 1, Силљановска-Давкова најави дека средбата ќе биде продолжение […]

(Фото) Со пригоден концерт во Скопје одбележан роденденот на Кралот Чарлс Трети


Британската амбасада во Скопје во соработка со македонската Армија, попладнево организираше концерт на Школка во Градскиот парк по повод одбележувањето на роденденот на Неговото Величество Кралот Чарлс Трети. Посетителите уживаа во едночасовна музичка програма во изведба на Нотингемширскиот оркестар на Кралските инженери и Воениот оркестар на македонската Армија. Од Британската амбасада претходно упатија покана до […]

Проектот „Бехтел и Енка“ ќе се пролонгира, за негово завршување ќе требаат уште 900 милиони евра, вели Мицкоски


Десет милијарди евра во капитални инфраструктурни проекти и инвестиции во наредните 10 години најавува Владата, и тоа во нови автопати, експресни патишта, пруги и обнова на постојните здравствени и енергетски капацитети.   – Во текот на втората половина од годината очекуваме истовремено да се градат шест автопатски делници во државата – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски […]

Поплавени улици во Битола, ЈКП „Нискоградба“ интервенира по обилниот дожд во градот


Големите количини на дожд кои попладнево паднаа во Битола предизвикаа проблеми во нормалното функционирање во делови од градот, информираа од Општина Битола и потврдија дека екипи на  ЈКП „Нискоградба“ Битола се на терен. -Се интервенираше во населба „Стрелиште“ на улицата „8 септемрври“ кај бензинската станица на „Лук оил“, населба Карпош-Кланица на потегот кој излегува на […]

УХМР: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер во западните и југозападните делови од државава


Попладнево во западните и југозападните делови имаше локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во околината на Охридско – Преспанскиот, Дебарско – Кичевскиот и Полошкиот регион, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Како што посочуваат, попладнево продолжува нестабилноста во западните и југозападните делови, а до крајот на денот има услови […]

Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот Борис Трајковски, вели Мицкоски


Владата останува на ставот дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради во близина на базенот кај арената „Борис Трајковски“ и оти тоа е најдобро решение. – Дефинитивно остануваме на ставот дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“. Тоа е земјиште кое е во приватна сопственост. […]

И Израел и Иран се заканија со нови пожестоки напади ако не се почитува примирјето


 И покрај тоа што Израел и Иран соопштија дека ги суспендираат нападите на барање на американскиот претседател Доналд Трамп, двете страни се заканија со пожестоки напади во случај да не се почитува најновото примирје. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац најави дека армијата ќе продолжи да дејствува во Либан ако Хезболах го нападне Израел. – […]

Интеса Санпаоло објави понуда за преземање на Монте деи Паски ди Сиена, најстарата банка што уште работи


Интеса Санпаоло, најголемата италијанска банка според пазарната вредност, во понеделник објави понуда од 30,6 милијарди евра за конкурентот Монте деи Паски ди Сиена (МПС). Понудата за готовина и акции доаѓа во време кога банкарскиот сектор на Италија е во средината на бран на консолидација. Потегот на Интеса не само што има за цел дополнително да […]

Бродовите плаќаат од 1,5 до два милиона долари за минување низ Ормуз


 Бродовите моментално плаќаат просечно од 1,5 до два милиона долари такса за да минуваат низ Ормуската Теснина, изјави членот на Комитетот за планирање и буџет на иранскиот парламент, Мохсен Занганех, пренесе  иранската агенција Фарс. Потпретседателот на иранскиот парламент, Али Никзад, во мај објави нацрт-план во 12 точки за управување со Ормуската Теснина, потсетува Фарс. Исто […]

Три проценти од приходите од игрите на среќа ќе одат за филмот, четири за туризмот


Министерството за култура и туризам во 2026 година ќе располага со буџет од 12 милијарди и 540 милиони денари, а дополнителни 285 милиони денари ќе бидат обезбедени од приходите од игрите на среќа за поддршка на културата и туризмот – информира денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Љутков  на брифингот со новинарите истакна дека […]

Војната на Блискиот Исток ја чини ЕУ 47 милијарди евра


  Војната на Блискиот Исток ги зголеми трошоците за увоз на енергија во Европската унија за 47 милијарди евра во изминатите 100 дена, изјави денес портпаролката на Комисијата, Ева Хрничорова. „Нашата сметка за увоз на фосилни горива се зголеми за повеќе од 47 милијарди евра во изминатите 100 дена. Тоа е цената што ја плаќаме […]