Силен земјотрес регистриран во Куба


Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во северозападниот брег на Куба.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Земјотресот бил почувствуван и во Мексико и во и американската сојузна држава Флорида.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.