ССМ организира конференција „Жените, трудот и социјалната правда“
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), преку Секцијата на жени на ССМ и во партнерство со Фондацијата Фридрих Еберт – Канцеларија Скопје, денеска во Скопје организира конференција на тема „Жените, трудот и социјалната правда“.
Конференцијата се организира во рамки на одбележувањето на 80 години од основањето на ССМ и осум децении синдикална борба, јубилеј кој, според организаторите, има особено значење не само за синдикатот, туку и за целокупното синдикално движење во државата.