Седница на Буџетскиот совет на Собранието


Во Собранието денеска седница ќе одржи Буџетскиот совет на Собранието. 

На дневниот ред на седницата се Предлог одлуката за давање на согласност за изменување на Буџетот на Собранието за 2026 година и Предлог правилникот за начинот и условите за користење на обезбедените средства во Буџетот на Собранието наменети за Советот за граѓански надзор.