(Фото) Со пригоден концерт во Скопје одбележан роденденот на Кралот Чарлс Трети


Британската амбасада во Скопје во соработка со македонската Армија, попладнево организираше концерт на Школка во Градскиот парк по повод одбележувањето на роденденот на Неговото Величество Кралот Чарлс Трети.

Посетителите уживаа во едночасовна музичка програма во изведба на Нотингемширскиот оркестар на Кралските инженери и Воениот оркестар на македонската Армија.

Од Британската амбасада претходно упатија покана до сите граѓани да присуствуваат на концертот и да бидат дел од вечерта посветена на музиката, пријателството и одбележување на британско – македонското партнерство.

(Фото: Б.Грданоски)