Војната на Блискиот Исток ја чини ЕУ 47 милијарди евра


 

Војната на Блискиот Исток ги зголеми трошоците за увоз на енергија во Европската унија за 47 милијарди евра во изминатите 100 дена, изјави денес портпаролката на Комисијата, Ева Хрничорова.

„Нашата сметка за увоз на фосилни горива се зголеми за повеќе од 47 милијарди евра во изминатите 100 дена. Тоа е цената што ја плаќаме без да увезуваме ниту една капка енергија повеќе“, рече Хрничорова.

Таа додаде дека немало прекин во снабдувањето со енергија во Европската унија, благодарение на диверзификацијата на снабдувањето од страна на ЕУ и зголемувањето на домашното производство.

Доколку конфликтот на Блискиот Исток продолжи, а Ормускиот теснец остане затворен, Унијата би можела да се соочи со тешкотии.

„Никогаш не сме го криеле тоа, но сега е јасно дека бевме многу добро подготвени за ваква криза“, нагласи портпаролката.