Владата утре ќе именува нов претседател на Советот за македонски јазик, почнува обуката за петмина инспектори


 Новиот претседател на Советот за македонски јазик ќе биде познат утре за кога е закажана следната седница на Владата. Ова денеска го изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков на брифинг со новинарите, на кој присуствуваше и директорката на Инспекторатот за употреба на македонскиот јазик – Менче Андреева. Љутков не ги коментира причините за […]

Жена со велосипед падна во шахта – тешко е повредена


На 07.06.2026 во 16:40 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена 44-годишната С.С. од Скопје.  Според пријавеното, на 06.06.2026 на ул.„Жан Жорес“ во Скопје околу 21 часот, управувајќи велосипед, паднала во одводна шахта, при што се здобила со […]

Индиец почина во паркот „Жена – борец“ во Скопје


МВР информира дека доцна синоќа во 22:20 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во паркот „Жена борец“ во Скопје имало починато лице. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и било констатирано дека починатото лице е Х.Р.Г.(79) од Индија. Извршен е разговор со Т.М.Л.(43) од Индија, кој изјавил дека […]

Втора година Кисела Вода организира бесплатна забава за полуматурантите – ќе ги забавуваат „2Бона“ и Ди-Џеј Марио Трампет


Со мотото „Спремни за средно!“, оваа среда деветтоодделенците од Општина Кисела Вода ќе имаат своја голема и бесплатна полуматурска забава. Настанот е во организација на Општина Кисела Вода, овозможувајќи им на сите 560 ученици кои го завршуваат основното образование заеднички да го прослават крајот на деветте изминати училишни години. Забавата ќе се одржи на 10 […]

На собраниска комисија помина законот за обновливи извори на енергија


На денешната седница на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, поминаа предлог законите за користење на енергија од обновливи извори и за изменување и дополнување на законот за возила, во прво читање. Воведно образложение по првиот предлог закон, даде претставникот на Владата, заменик министерот Мирослав Лабудовиќ.  – Предлог законот за користење на енергија […]

Мицкоски бара трпение за Бугарија, сме покажале дека знаеме да победуваме


Премиерот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање за причините за блокадата на акцискиот план за малцинства од страна на Бугарија, денеска изјави дека претпоставува оти „тоа е политика што трае со децении“, а претходните политички елити тоа не го препознале и направиле големи проблеми, кои Владата сега ги решава еден по еден.  – Не знам. Тоа […]

Прозападен, но популист: Како Никол Пашинјан ја задржа власта во Ерменија


  За повеќето кандидати, кампањата за губење на татковината на предците и залагањето за помирување со долгогодишниот непријател би значело политичко самоубиство. Не во Ерменија.Во неделата, премиерот, Никол Пашинјан, обезбеди реизбор во кавкаската нација со 3 милиони жители, и покрај тоа што ја водеше Ерменија низ катастрофалниот воен пораз со Азербејџан пред само три години. […]

Силиконската Долина ги прегрна политиките на МАГА


  Компаниите од Силиконската долина, вклучувајќи ја и „Мета“, одлучија да ја прифатат политиката на МАГА, некои од „прилично повеќе себични“ причини, рече поранешниот вицепремиер на Велика Британија, Ник Клег. Клег, кој помина речиси седум години во „Мета“ како раководител на глобални прашања, изјави за поскастот „Остатокот е пари“ дека чувствувал како „многу добро време […]

Рекордни 10.000 учесници го одбележаа јубилејното „Вози право, вози здраво“


Центарот на Скопје во саботата беше обоен во боите на радоста, насмевките и позитивната енергија на илјадници луѓе кои заедно испратија моќна порака за здрав живот и грижа за животната средина. Јубилејното десетто издание на настанот „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка донесе рекордни 10.000 пријавени учесници и уште еднаш потврди дека […]

Сојузниците на Орбан извлекле над 3,5 милијарди евра преку тендери


БРИСЕЛ — Високите функционери во владата на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан треба да бидат испитани за милијарди евра исчезнати средства од ЕУ, изјави за ПОЛИТИКО органот за контрола на корупцијата во земјата. Повикот за враќање на исчезнатите пари доаѓа во време кога наследникот на Орбан, Петер Маѓар, се обидува да го убеди Брисел дека […]

Бензините поевтинуваат два денари за литар, дизелот поскапува 1,50 денари


Од вечерва на полноќ, литар безнин ќе чини два денари поевтио, а литар дизел 1,50 денари поскапо, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Од 9.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,00 (денари/литар) Дизел гориво […]

„Винчини“ отвори нова фабрика – дел платена од унгарскиот кредит


Нова фабрика за производство на вафли од брендот „Винчини“, инвестиција од 8,5 милиони евра, пушти во употреба денеска компанијата „Макпрогрес“ во присуство на премиерот Христијан Мицкоски.  Генералниот директор на „Винчини“, Глигор Цветанов, информира дека инвестицијата од 8,5 милиони евра е од сопствени средства и кредити од комерцијалните банки, вклучително и дел кредити од унгарската линија, […]

„Журнал“: Кушнер се повлекува од Сазан, ресортот ќе го гради на Миконос?


Според сигурни извори на весникот „Журнал“ (Journal) компанијата на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, планира целосно да се повлече од својата инвестиција на островот Сазан. „Извори блиски до проектот потврдија дека е донесена одлука за повлекување и дека средствата ќе бидат пренасочени кон друга луксузна туристичка дестинација, грчкиот остров Миконос. Грчките власти […]

Сирски: Украина од почетокот на годината врати повеќе од 600 квадратни километри територија


Вооружените сили на Украина од почетокот на годинава вратија под своја контрола повеќе од 600 квадратни километри територија, соопшти денеска главниот командант на украинската армија, Олександр Сирски. Во објава на Телеграм, Сирски наведе дека само во текот на минатиот месец Украина вратила 100 квадратни километри повеќе територија отколку што изгубила. Тој не прецизираше на кои […]

Правичната застапеност ќе се гласа со „мал Бадентер“ за да се заобиколи ДУИ


Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ги повика сите пратеници да покажат конструктивност и заеднички да работат во насока на донесување на подобар закон за правична застапеност.  За најавите на опозицијата дека ќе го блокира законот, Гаши денеска одговарајќи на новинарски прашања, по презентацијата на извештајот за неговата двoгодишна работа, нагласи дека што се однесува до […]

ВЛЕН: Правичната застапеност станува закон, институциите ќе носат одговорност


Правичната и соодветна застапеност конечно станува закон. За првпат во историјата, ова право нема да остане само запишан принцип или политичко ветување, туку станува гарантирано, заштитено и задолжително за институциите. Досега многу работи зависеа од нечија волја, од расположението на некој министер или од политички пазарења. Со овој закон, на тоа му доаѓа крај, изјави […]

Трамп подготвува нова глобална трговска војна иако ја изгуби претходната


Доналд Трамп се подготвува за нова војна – втора трговска битка со светот. Првата не ги донесе очекуваните резултати, но тоа не го спречува, и покрај многуте знаци дека декларираните цели на нападите врз сојузниците и соперниците нема да бидат постигнати, а товарот на трошоците речиси целосно го сносат американските граѓани и бизниси. Трамп ја […]

Изложба на 30 уметници во Македонскиот културен центар во Тирана


На 5 јуни, 2026 година, во Македонскиот културен центар во Тирана беше отворена значајна изложба со која се одбележаа 30 години од постоењето на Ликовната колонија Кавадарци. На изложбата се претставени дела од 30 ликовни уметници, создадени за време на нивниот престој на колонијата, а авторите доаѓаат од повеќе земји – Северна Македонија, Албанија, Косово, […]

Уште 50 домаќинства во Лисиче селектираат пластика


Големиот интерес на жителите покажа дека грижата за животната средина станува секојдневна навика во Општина Аеродром. Затоа, потпишавме нови 50 договори со домаќинства од населба Лисиче кои активно ќе се вклучат во системската селекција на пластичен отпад, а на семејствата им беа поделени и специјални канти. Проектот веќе дава одлични резултати, а собирањето на отпадот […]

СДСМ со „Скопската иницијатива“ и „Твоја држава, твоја шанса“ отвора ново поглавје


  Изминатиов викенд со два настани СДСМ ги одреди правците на своето идно политичко дејствување. Програмската платформа „Твоја држава, твоја шанса“ во конечната форма е јавно достапна и објавена. Портпаролката на партијатам, Богданка Кузеска, изјави дека тоа е визијата на СДСМ за модерна, праведна и европска држава во која институциите работат за граѓаните, трудот е […]