Бензините поевтинуваат два денари за литар, дизелот поскапува 1,50 денари


Од вечерва на полноќ, литар безнин ќе чини два денари поевтио, а литар дизел 1,50 денари поскапо, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Од 9.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 87,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 89,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 47,297 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,609 ден/кг и сега ќе изнесува 47,297 ден/кг.

Во соопштението до медиумите се вели дека се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46% во однос на одлуката од 1.6.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 3,175%, кај дизелот има зголемување за 3,367%, кај екстра лесното масло има зголемување за 2,386% и кај мазутот има намалување за 1,488 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1617%.

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 9.6.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.