СДСМ со „Скопската иницијатива“ и „Твоја држава, твоја шанса“ отвора ново поглавје


Богданка Кузеска

 

Изминатиов викенд со два настани СДСМ ги одреди правците на своето идно политичко дејствување.

Програмската платформа „Твоја држава, твоја шанса“ во конечната форма е јавно достапна и објавена. Портпаролката на партијатам, Богданка Кузеска, изјави дека тоа е визијата на СДСМ за модерна, праведна и европска држава во која институциите работат за граѓаните, трудот е вреднуван, а младите имаат причина да останат и да ја градат својата иднина дома.

„СДСМ смета дека најголемиот предизвик за младите денес не е само економската несигурност, туку чувството дека системот не е праведен. Токму затоа централно место во платформата има борбата против корупцијата и воспоставувањето систем во кој институциите функционираат без политичко влијание а законот важи еднакво за сите.

Нов антикорупциски закон, темелен ветинг на сите избрани и именувани функционери, целосна проверка на потеклото на имотот, нови институциите за борба против корупцијата, дигитализација на услугите и воспоставување механизми што ќе спречат партизација и злоупотреба“, рече Кузеска.

Според неа, преку „Скопската иницијатива“, СДСМ ја потврди својата улога како обединувачки фактор на поширокото прогресивно движење во регионот и Европа, кое се спротивставува на корупцијата, авторитарноста и антиевропските политики.

„Македонија не смее да остане заглавена во национализам, популизам и политички манипулации кои ја оддалечуваат од европската иднина. Наместо поделби, СДСМ нуди визија за обединување околу државните интереси, економски развој и европски вредности преку поширок Фронт за вистина и правда“, нагласи Кузеска.