СДСМ бара проверка на водата во цела Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги обвини за паника и воајеризам


СДСМ, бара вонредни анализи на водата за пиење во Велес и околните населени места. 
Конкретно во Велес СДСМ побара да се проверат сите водоводи бидејќи последните наоди и стручни мислења коишто се јавно објавени покажуваат дека скоро секаде во селските водоводи има ешерија коли, индикатор за фекално загадување, па дури и во училишта.
 
„Нема никаква информација каква е сега состојбата, дали општината и централната власт нешто презела?Советниците на СДСМ бараат и посебна точка на дневен ред за состојбата со водата во Велес. Откако за неколку дена добивме загадена вода во Гостивар, Валандово, Лешок и Крушево, не може да се молчи.Сега СДСМ бара итна и целосна проверка на водата за пиење во сите градови и општини во Македонија. Без исклучок, без селективност и без прикривање на резултатите.Нема да дозволиме Мицкоски и ВМРО-ОКГ да ја отрујат цела земја. 
Граѓаните имаат право да знаат што пијат. А оваа власт има обврска конечно да одговори – не со изговори, туку со факти и со чиста вода“, реагираат од СДСМ.
 
За ВМРО-ДПМНЕ ваквите барања се ширење паника и воајеризам. 
 

„СДС и Венко Филипче повторно ја злоупотребуваат кризата за ширење паника. СДС продолжува со истата политика да шири паника кај граѓаните, дезинформации и конструкции.СДС исто како со пожарите минатата година, денес ликува на водата. СДС и Филипче собираат политички поени врз грбот на граѓаните во Гостивар. СДС и Филипче немаат одговрност, не нудат решенија туку креираат став и вознемиренозт кај граѓаните.

СДС и Филипче наместо да придонесат со решенија и да покажат чувство за одговорност, повторно избираат да шират паника и да ја злоупотребуваат секоја актуелна тема за политички маркетинг. Граѓаните заслужуваат точни информации, транспарентност и институции што работат во нивен интерес, а не политички спектакли изградени врз шпекулации и сензационализам. Брзата реакција на владините институции ќе го реши проблемот во Гостивар во експресен период. Кадарот на Филипче и коалицијата во Гостивар предводена од СДС, ДУИ и Таравари, нема капацитет да ја води општината.

Потребно е сите политички чинители да покажат одговорност, особено кога станува збор за прашања што директно влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните. Наместо да се создава непотребна вознемиреност, јавноста треба да добива факти, а институциите да бидат оставени професионално да ја вршат својата работа. За разлика од кадарот на Филипче, Ахмети и Таравари, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ навремено го решава проблемот во Гостивар“, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.