Филипче: Клековски нема право да се пресметува со оние кои ја кажуваат вистината


Лидерот на СДСМ, Венко Филипч,е застана во одбрана на колегите лекари откако министерот за здравство, Сашо Клековски во арогантна изјава ги нарече Никола Пановски и другите експерти „слободни јавачи на епидемијата“ кои собирале лајкови, советувајќи им ако не се епидемиолози и инфектолози – да не даваат изјави.   

„Министерот за здравство ги навредува моите колеги лекари и професори. Морам да застанам во нивна одбрана.

Кога бев министер за здравство и нè затекна пандемијата на ковид, соработував со сите и ги слушав советите на моите колеги. Тоа беше единствениот начин да се заштитат граѓаните. Очигледно е дека Мицкоски влијае врз своите министри и им го пренесува својот модел на однесување – навредување. Во вакви ситуации министерот нема право да се пресметува со оние кои ја кажуваат вистината.

Ова не е момент за пропаганда и чување на рејтинг. Ова е момент да се преземе одговорност и да се помогне на граѓаните – слушајќи ги советите на стручните лица, а не напаѓајќи ги“, напиша лидерот на СДСМ на Фејсбук.