Жерновски: Атина во Скопје ги праќа најискусните дипломати, ние директор на паркинг
Поранешниот заменик министер за надворешни работи Андреј Жерновски јавно го прозва актиелниот шеф на МНР, Тимчо Муцунски, за најновите именувања на наши преставници во странство, меѓу кои се најде и не-дипломат со искуство во Градски паркинг. Притоа тој тврди дека дури три предлози за наши преставници во Грција претходно биле одбиени од Атина, вклучувајќи ја и кандидатката за амбасадорка.
– Македонија ги доживува најтемните денови во својата повеќепартиска историја кога станува збор за дипломатијата.Државата е изолирана, ја нема во клучните европски агенди и планови, ни се празнат дипломатските претставништва. За тоа време, Владата на Мицкоски продолжува со кадровска политика која го урива авторитет што со години се градеше во македонската дипломатија. Поточно, она што остана од него. Најновиот пример е Атина.
Според објавените информации, Владата дала зелено светло наш амбасадор во Грција да биде в.д. директор на ЈП „Градски паркинг“.Во Грција! Во една од нашите најважни, најчувствителни и најсложени дипломатски мисии. Токму затоа, ова е прашање на државен интерес, дипломатски стандарди и сериозност на државата.
Но, ова не е излоран скандал. На овој, претходат серија други: Јавноста мора да биде информирана дека претходно се случија скандали со планирани и номонирани кандидати за амбасадор, генерален конзул во Солун и претставник на Агенцијата за разузнавање, кои МНР се обидуваше да ги забошоти по секоја цена, откако домаќинот не ги прифати предлозите.
Затоа јавно го прашувам министерот Муцунски: Дали е точно дека неговите предлози Т.Л. да биде амбасадор во Атина, Т.М. да биде конзул во Солун и претставникот на АР во Атина се одбиени од грчка страна поради нивното несоодветно потфолио?
Ова е сеʼ, само не дипломатска кадровска политика. Ова е партиско кадровско урнисување на државниот углед. И додека МНР признава дека дури 24 дипломатско-конзуларни претставништва се без амбасадор или генерален конзул, Владата наоѓа време и начин за вакви кадровски решенија. Дали Муцински знае дека Атина, сосема логично, во Скопје ги испраќа своите најискусни дипломати. А ние во Атина испраќаме човек од „Градски паркинг“. Тоа не е дипломатија. Тоа е намерно деградирање на државата, стои во реакцијата на Жерновски.