Двата закони за судството не се реформски, туку дискриминаторски: остра јавна расправа во Собранието


  Предлог-законите за судска и јавнообвинителска служба, кои Владата ги прати во Собранието, не се истите што ги изработиле работните групи составени за овие закони токму од Владата. Некои од членовите на работна група се оградија од текстот што беше претставен за расправа. Вработени во судовите и обвинителствата на денешната собраниска јавна расправа за споменатите […]

Каде се воопшто Зеленортските Острови?


Зеленортските Острови ја направија најголемата сензација досега на овогодинешното Светско првенство. Африканската островска земја со 490 илјади жители и дебитант на Светското првенство одигра 0:0 со Шпанија, актуелниот шампион на Европа. Херој на натпреварот беше 40-годишниот голман Возиња, кој ја задржа својата мрежа недопрена со неколку клучни одбрани. За дебитантот на Светското првенство, ова е […]

Заменикот-шеф на дипломатијата ја обвини Бугарија за хибридни напади


  Како земја кандидат за членство во ЕУ и членка на НАТО, Македонија е сѐ повеќе изложена на дезинформациски кампањи, сајбер закани и координирани операции за влијание, поради што државата презема конкретни мерки за јакнење на својата отпорност, изјави заменик-министеропт за надворешни работи, Зоран Димитровски, за време на состанокот на Советот за општи работи (ГАК) […]

Европскиот парламент го потврди трговскиот договор меѓу САД и ЕУ


Европскиот парламент денеска одобри два законодавни предлози со кои се потврдува трговскиот договор меѓу Европската Унија и САД, откако во него беа додадени безбедносни клаузули. Американскиот претседател Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во август 2025 година на голф теренот Трнбери договорија царински договор за ублажување на трговските тензии. Двете […]

Шефот на амбасадата на Македонија повикан на разговор во бугарското МНР за палењето на автомобилите


  Вршителот на должноста шеф на амбасадата на Македонија во Софија денес беше повикан во Министерството за надворешни работи на Бугарија во врска со палењето на две бугарски дипломатски возила лоцирани пред бугарската амбасада во Скопје Заменик-министерот за надворешни работи Христо Полендаков нагласил дека Бугарија го осудува овој „невиден во нашите билатерални односи демонстративен чин […]

Трамп: „Имав многу добра средба со Зеленски. Премногу се гине во војната“


  Американскиот претседател Доналд Трамп во разговор со новинарите на самитот на Г7 во Евијан, Франција, изјави дека имал „многу добра средба“ со украинскиот претседател Володимир Зеленски утринава и дека ќе се сретне повторно денеска попладне. „Видете, Русија треба да склучи договор. Русија изгуби огромен број луѓе, а истото и Украина. Минатиот месец, тие изгубија […]

По пробивот на британскиот пазар, Реплек ги претстави своите капацитети и развојни планови пред амбасадорот Метју Лосон


„Реплек“ АД денеска беше домаќин на амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Северна Македонија, Н.Е. Метју Лосон, кој оствари работна посета на компанијата и се запозна со нејзините производствени капацитети, развојни планови и извозни активности. За време на посетата, менаџерскиот тим и генералниот директор на „Реплек“, Душан Пецовски, ги презентираа […]

Британскиот принц Џорџ ќе учи во престижниот колеџ Итон


Британскиот принц Џорџ, 12-годишниот внук на кралот Чарлс, ќе ги следи стапките на својот татко и ќе учи во престижниот колеџ Итон подоцна оваа година, објави Кенсингтон палатата во вторник. Таткото на Џорџ, престолонаследникот Вилијам, и неговиот чичко принцот Хари, исто така, студирале на Итон, едно од најелитните училишта во Велика Британија, кое се наоѓа […]

Макрон им даде персонализирани велосипеди на Трамп и другите лидери на Г7


Францускиот претседател Емануел Макрон им даде велосипеди на Доналд Трамп и на секој од другите лидери на Г7 на самитот во Евијан. „Сите седум шефови на држави ќе добијат персонализиран велосипед“, рече претседателот на Меѓународниот велосипедистички сојуз, Дејвид Лапартиен. Подароците се наменети за промоција на Светското првенство во велосипедизам закажано следната година во Француските Алпи. […]

Славески ги смета услугите во платниот промет за јавно добро, треба да бидат регулирани


Гувернерот Трајко Славески останува на ставот дека се потребни законски измени со кои ќе се регулира определувањето на провизиите на банките. – Мојот став е познат уште од првиот ден на мојот мандат – услугите во платниот промет ги сметам како јавно добро, јавна услуга која по ништо не е различна од снабдувањето на граѓаните […]

Трамп рече „да“ за вечера во Версај


  Претседателот Доналд Трамп рече дека раскошната атмосфера на неговата закажана вечера еден на еден со Макрон била фактор во неговата одлука да го продолжи престојот по самитот – двајцата треба да вечераат во Версајската палата. „Јас сум љубител на убави места и заминував попладне, а потоа францускиот претседател, кој е многу фин човек, ме […]

Зоните во Делчево, Берово, Виница… ќе се трансформираат во индустриски, ќе им се понудат и на домашни фирми


Неоперативните зони како оние во Делчево, Берово и Виница, ќе се трансформираат во индустриски, за да бидат ставени во функција, а ќе им бидат понудени и на домашните компании за да го прошират своето производство, рече денеска директор на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски. Како што истакна Димовски, одговорајќи на новинарски прашања, […]

Цел свет ја слуша „I Am From Bosnia, Take Me to America“: Еве како „Дубиоза колектив“ стана глобален феномен (Видео)


  „Дубиоза колектив“ уште еднаш докажа дека може да го долови духот на моментот. Песната што беше создадена пред петнаесет години како сатиричен коментар за емиграцијата и потрагата по подобар живот, денес стана неофицијална химна на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина за настапот на Светското првенство. Бендот го преработи својот стар хит „САД“ и […]

Трите деца пронајдени на улица во бесознание прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово


Трите малолетни  деца кои вчера беа пронајдени во бессознание биле донесени во Општа болница Куманово каде и биле прегледани од педијатар и од интернист.  Во болницата ги донела екипа на Итната медицинска помош во придружба на полициски службеник, откако биле пронајдени вчера на улицата „Професор Мијалковиќ“ во Куманово. Од болницата информираат дека при приемот децата […]

Лукашенко му се извини на Зеленски


  Белорускиот лидер Александар Лукашенко изјави дека Белорусија не претставува воена закана за Украина и му се извини на претседателот Володимир Зеленски за неговите претходни остри изјави, според интервју за Ал Арабија. Лукашенко рече дека неговите коментари се одговор на она што го опиша како закани од Украина, вклучувајќи ги и тврдењата дека Киев идентификувал […]

Украински дронови извршија масовен напад на рафинерија за нафта во Москва


  Утрото на 16 јуни, украински дронови извршија масовен напад врз Москва. Нивна цел беше Московската рафинерија за нафта (MOР), објави градоначалникот на рускиот главен град, Сергеј Собјанин. Според него, едно од беспилотните летала оштетило објект на територијата на претпријатието. Нема повредени. Главната дирекција на Министерството за вонредни ситуации во Москва прецизираше дека како резултат […]

Работник на гостиварски Комуналец починал, заглавил во канал за вода


Вработен во гостиварското комунално претпријатие починал откако заглавил во еден од каналите за прибирање вода на Шар Планина во атарот на селото Горно Јеловце. Според полицијата трагичниот настан бил пријавен вчера околу 13 часот. Од СВР Тетово информираат дека во канал за вода има починато лице во атар на с. Горно Јеловце, на терен излегле […]

Ѝ го дале бебето да го причува, а кога не се вратиле, го оставила на клупа во Шутка


Скопјанец пронашол бебе на клупа во Скопје, по што пријавил во полиција, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – Синоќа во 19:30 часот во СВР – Скопје, А.С. пријави дека во парк на подрачјето на Шуто Оризари, на клупа пронашол оставено бебе, старо седум – осум месеци. Полициски службеници од СВР – Скопје излегле […]

Нѐ очекува натпросечно топло лето, прогнозира УХМР


Натпросечно топло и посушно лето најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Според анализите, во текот на летото се очекува температурите да достигнат натпросечни вредности на глобално ниво, а не само во југоисточниот дел на Европа. На територијата на Македонија надминувањето на температурите може да достигне и до 3°C, а најголемото позитивно отстапување на температурата на воздухот […]

Гувернерот на Калифорнија се најде на списокот на непријателите на Трамп. И тоа на врвот


  Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, вчера изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп води истрага против него и неговата сопруга, обвинувајќи го претседателот за политичка одмазда. „Доналд Трамп не ме таргетираше само поради моите остри објави на социјалните мрежи“, рече Њусом во соопштение објавено на мрежата Икс. Тој додаде дека Трамп го таргетирал затоа […]