Ребалансот на Буџетот оваа недела треба да помине на владина седница, најави Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски очекува ребалансот на Буџетот оваа недела да помине на владина седница, а потоа, како што рече, да се најде во Парламентот. – Очекувам оваа недела ребалансот да помине на владина седница и да се најде во Парламентот, одговори кусо Мицкоски, на новинарско прашање по најавата за нова инвестиција вредна 20 милиони евра. […]

Божиновска на IFC Day: Енергетската транзиција е можност за економски раст и нови инвестиции


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на „IFC Day in North Macedonia“, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка, посветен на перспективите за енергетска транзиција и развој на извозно ориентираното производство во земјата, информира Министерството за енергетика во соопштение што МИА го објавува интегрално. […]

Потребен е национален систем за управување со земјоделска пластика, а управувањето е клучен чекор кон одржливо земјоделство


Каква е актуелната регулаторна рамка за земјоделската пластика во Македонија? Колку и како се користи земјоделската фолија во производството? Што се случува со фолиите по нивната употреба – кој е нивниот третман и влијание врз животната средина? Кои се најважните препораки за оптимално системско решение и европски практики што може да се применат кај нас? […]

Потврдена пресуда: Ковачки ја клеветел Петровска за „хациендата со базен“


  Пратеничката и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска, соопшти дека Апелациониот суд во Скопје ја потврдил првостепената пресуда со која утврдил дека пратеникот Драган Ковачки извршил клевета и навреда во случајот поврзан со обвинувањата за наводно непријавен имот. Петровска вели дека пред три години Ковачки на повеќе прес-конференции јавно ја обвинил дека наводно поседува […]

Димитриеска-Кочоска: Партнерството со ИФЦ е значајно за инвестициите, енергетската транзиција и конкурентноста на македонската економија 


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска се обрати на првиот „Ден на ИФЦ“ во Македонија, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ). Во своето обраќање, министерката истакна дека во услови на глобални предизвици, инвестициите, иновациите и силниот приватен сектор остануваат главни двигатели на економскиот раст, продуктивноста и отворањето нови работни места. “Нашата определба е да поддржиме […]

Народна банка ја зголеми основната камата за 0,25 процентни поени. Што ќе значи тоа за кредитите


  Народната банка на Македонија ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, односно од 4 на 4,25 отсто, што е резултат на зголемените инфлациски притисоци. Ова е и сигнал до деловните банки да реагираат и во својата каматна политика, но дали тоа ќе се случи и кога, ќе зависи од процената на секоја […]

Венко Филипче беше во Ваташа на годишнината од убиството на младинците


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во Ваташа на одбележување на 83-годишнината од масакрот на 12 младинци од бугарскиот окупатор. „Денеска присуствуваме на одбележувањето на 83-годишнината од масакрот, убиството на младинците тука во Ваташа од страна на бугарскиот окупатор. Ова нѐ учи дека политиките на омраза и на поделба единствено до што водат […]

Црна Гора со ракетна брзина кон ЕУ: Ги затвори поглавјата 2 и 28


  Црна Гора привремено го затвори поглавјето 2 (Слобода на движење на работниците) и поглавјето 28 (Заштита на потрошувачите и здравјето), обете дел од Групата 2, на Меѓувладината конференција што се одржа вчера во Луксембург. Еврокомесарката за проширување Марта Кос, изјави дека Црна Гора напредува со голема брзина. Според неа, затворањето на двете поглавја ги […]

Албанската влада дала гаранции во ЕУ дека ќе се почитуваат еколошките стандарди во проектот на Кушнер


  Европската комисија доби гаранции од албанската влада дека ќе се спроведе целосна проценка на влијанието врз животната средина и дека ќе се почитуваат европските еколошки стандарди, изјави комесарката за проширување Марта Кос, коментирајќи ги неодамнешните случувања околу проектот поврзан со Џаред Кушнер. Според Кос, овој проект, како и сите тековни проекти, мора да бидат […]

Турска компанија од автоиндустријата ќе отвори фабрика во Тетово вредна 20 милиони евра


  Нова инвестиција на компанијата „Џаво отомотив“ во ТИРЗ Тетово, која се очекува да отвори  500 работни места објавија денеска премиерот Христијан Мицкоски и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Инвестицијата е вредна 20 милиони евра. „Станува збор за браунфилд-инвестиција, која ќе почне со закуп на постоен објект од 8.000 квадратни метри, а капацитетите […]

Мобилен царински тим спречи криумчарење на златен накит вреден 1,5 милиони денари


Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење златен накит во вредност од 1,5 милиони денари. Случајот е откриен на влез во државата, на граничниот премин Блаце, кога инспектори од Одделението за оперативни работи, поради основано сомневање, извршија контрола на возило со кое управувал македонски државјанин, соопшти Царинската управа. При контролата е откриено кршено злато и […]

АХВ спречи увоз на повеќе од 23,6 тони замрзанто пилешко месо од Бразил


Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на 23.685 килограми замрзнато пилешко месо по потекло од Бразил. Како што информира АХВ, поради непочитување на донесеното решение за забрана за увоз на живи животни, производи и нус производи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високопатогена авијарна инфлуенса ( […]

Палењето на дипломатските автомобили е напад врз Бугарија, изјави Јотова


  Палењето дипломатски автомобили, кои се сопственост на бугарската држава, претседателката Илијана Јотова го оценува како напад на самата Бугарија. Вчера еден 44-годишник поли со бензин и запали два автомобили пред бугарската амбасада. Полицијата за неколку часа го приведе осомничениот. Министерството за надворешни работи и премиерот Христијан Мицкоски остро го осудија инцидентот. Јотова зборуваше и […]

Исплатени субвенции од 33 милиони евра на тутунарите за 2025


  Министерство за финансии денеска исплати 2 две милијарди денари (33 милиони евра) субвенции за произведен и предаден тутун од реколтата 2025 година. Овие средства се наменети за 15.144 тутунопроизводители. „Со исплатата се потврдува определбата на Владата за континуирана и навремена поддршка на земјоделството како една од клучните стопански гранки во државата, со посебен фокус […]

Грција поставува модуларни контролни пунктови на Евзони за да се скрати времето на чекање


На ситуацијата на копнените гранични премини со спроведувањето на ЕЕС системот, можноста што европската регулатива ја дава за привремена суспензија на биометриската регистрација, но и на одлуката да се постават модуларни контролни пунктови на Евзони со кои една сообраќајна лента се претвора во две, со цел да се скрати времето на чекање, се осврна заменик-министерот […]

Голем пад на цените на гасот


Цените на гасот во Европа нагло паднаа во понеделник откако Иран и САД се согласија за текстот на меморандумот за разбирање за прекин на војната и објавија отворање на Ормускиот теснец по потпишувањето на документот. Мегават-час гас за испорака во јули се тргуваше по 43,55 евра вчера попладне на холандската дигитална берза TTF, што е […]

Во случајот на Стевчо Јакимовски нема еднакви правила за сите, смета ЛДП


  Либерално-демократската партија (ЛДП) вели довербата во правосудството и институциите се гради преку еднакви критериуми, правна сигурност и доследност во примената на принципите. И дека секоја правосилна судска одлука мора да се почитува и дека никој не смее да биде над законот. Но го поставува прашањето дали за сите важат истите стандарди и го посочува […]

Уште една потврда на светскиот квалитет на вината на „Тиквеш”: 21 нова меѓународна награда


Со 21 нова награда освоени на три престижни меѓународни вински натпревари – Balkans International Wine Competition 2026, Vinarium International Wine Contest 2026 и Concours Mondial de Bruxelles 2026 – Винарската визба „Тиквеш“ уште еднаш ја потврди својата позиција како најнаградувана винарница во Југоисточна Европа и еден од најуспешните амбасадори на македонското вино на светската сцена. […]

Како ветерот и сонцето ги намалија сметките за струја во Шпанија


Шпанските домаќинства заштедуваат 10 евра месечно на сметките за струја благодарение на ветерните фарми и сончевите панели инсталирани во последните пет години, открива нов извештај. Според центарот за истражување на климата Ембер, стратешката експанзија на обновливата енергија по руската инвазија на Украина во 2022 година ги заштити шпанските домаќинства од најновите зголемувања на цените на […]

На која возраст Европејците го купуваат својот прв дом?


Во Европската Унија, 68,5 проценти од домаќинствата живееле во свој дом во 2025 година, што е пад од 2,2 процентни поени во споредба со 2010 година. Стапките на сопственост на дом значително варираат, од 47,2 проценти во Германија до 93,8 проценти во Словачка. Се поставува прашањето на која возраст Европејците купуваат свој прв дом, во […]