Галичник викендов ќе пулсира во ритамот на електронската музика – 5. издание на фестивалот „Галицко“


Под мотото „Зора за планина. Ноќ за музика. Галичник за сите“, се подготвува петтото издание на фестивалот на електронска музика Галицко, што ќе се одржи на 20 јуни. Галицко е фестивал создаден во чест на диџеј Ицко, чија голема желба беше токму на ова место да се одржува фестивал на електронска музика. Петта година по […]

Ламуши сепак останува селектор, туниската федерација ја повлече одлуката за негова смена


Селекторот на Тунис, Сабри Ламуши сепак ќе остане на функцијата, иако во текот на вчерашниот ден тој доби отказ од тамошната фудбалска федерација. Утрово се појавија информации за повлекување на одлуката за отпуштање на Ламуши, по што францускиот стручњак треба да продолжи да ја води репрезентацијата на Светското првенство 2026. Тунис во првото коло на […]

Инстант – плаќањата во фокусот, дводневна работилница на Народната банка со платежната заедница


Народната банка во соработка со Светската банка одржаа работилница за банките и другите даватели на платежни услуги и релевантните државни институции во земјава, посветена на воведувањето на инстант-плаќањата засновани на платформата на клонот на ТИПС. Работилницата е дел од постојаните активности на Народната банка за подготовка на целата платежна заедница во земјава за воспоставување на […]

Андоновски: Македонија го добива првиот центар за ВИ „Везилка“


Македонија ќе го добие првиот центар за вештачка интелигенција „Везилка“, кој ќе биде промовиран идната недела, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Центарот ќе има клучна улога во развојот на македонски јазичен модел и во создавањето домашна дигитална база која ќе овозможи македонскиот јазик, култура и идентитет да бидат соодветно застапени во современите технологии. […]

Парадоксот на моќта на Блискиот Исток: Како војната со Иран ќе ја трансформира воената улога на Америка


Во текот на американско-израелската војна против Иран, Вашингтон уживаше во демонстрацијата на својата конвенционална воена супериорност. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп се фалеше со квантитативните постигнувања: пред прекинот на огнот на 8 април, само САД извршија над 10.000 воздушни мисии, погодија над 130.000 цели и пресретнаа 1.700 ирански ракети и беспилотни летала. Според Централната команда […]

СП 2026: Ван Дајк е против паузите за хидрација на секој натпревар


Фудбалерот на Холандија, Вирџил ван Дајк, се изјасни против паузите за вода на Светското првенство во 2026 година.  „Мислам дека паузите за вода се интересна тема. Досега ги гледав речиси сите натпревари од турнирот. Не ми се допаѓа фактот што секој пат кога се прекинуваат, се прикажуваат реклами. Сигурен сум дека ниту неутралните гледачи не […]

Муцунски во Лондон на средба со шефицата на британската дипломатија Ивет Купер


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Лондон. Во британскиот Форин офис, Муцунски ќе оствари средба со својот хомолог, државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Ивет Купер. Во насока на унапредување на надворешната трговија и поттикнување […]

УНИЦЕФ: Повеќе од милијарда деца изложени на повеќекратни климатски ризици


Речиси половина од сите деца во светот или околу 1,1 милијарда, се изложени на најмалку три преклопувачки климатски закани, се наведува во извештај на УНИЦЕФ. Во денеска објавениот документ насловен „Извештај за климатски ризици за децата 2026“ се истакнува дека најчестата комбинација на ризици се суша, екстремни температури над 35 степени Целзиусови и топлотни бранови, […]

„Архивски документи“ на Жанета Вангели во Македонскиот културно-информативен центар во Софија


Во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија вечер од 18:30 часот ќе се отвори изложбата „Архивски документи“ на Жанета Вангели. Првото самостојно преставување на уметноста на Вангели во Софија се реализира во соработка меѓу Македонскиот КИЦ во Софија и Националната галерија на Македонија, соопштија утрово од Македонскиот културно-информативен центар во Софија. Изложбата се состои […]

Меси игра по 200-ти пат за Аргентина. Го брка Роналдо и му бега на Модриќ


Лионел Меси (38) ќе го одигра својот 200-ти натпревар за Аргентина против Алжир (3 часот наутро во среда навечер), во првиот натпревар од Светското првенство. Големиот јубилеј доаѓа речиси 21 година по неговото деби за репрезентацијата на 17 август 2005 година во пријателски натпревар против Унгарија. Потоа, како 18-годишник, влезе во второто полувреме и заработи […]

Велика Британија обвини капетан на танкер од руската „флота од сенка“ за кршење на санкциите


Британското обвинителство поднесе обвинение против капетанот на танкер од руската „флота од сенка“, кој беше задржан од британски командоси, поради заобиколување на санкциите воведени кон Русија, соопшти Националната агенција за борба против криминалот на Велика Британија. Триесет и осумгодишниот капетан Аџај Пант, индиски државјанин, е обвинет за „директно или индиректно снабдување или транспорт по море […]

„Ден на ИФЦ“ во Скопје и панел дискусии за енергетска транзиција и извозно ориентирано производство


Во Скопје денеска ќе се одржи настанот насловен „Денот на ИФЦ во Северна Македонија“ на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата Светска банка, кој е фокусиран на улогата на приватниот сектор во поддршката на економскиот раст на земјата, приватните инвестиции и создавањето работни места. На настанот, како што соопштуваат од ИФЦ, воведни обраќања ќе […]

Осум лица загинаа при тест-лет на американски стратешки бомбардер „Б-52“ во Калифорнија


Сите осум лица кои се наоѓаа во американскиот бомбардер „Б-52“ загинаа кога авионот се урна кратко по полетувањето од воздухопловната база Едвардс во американската сојузна држава Калифорнија во понеделникот, потврдија Воздухопловните сили на САД. „Денеска воздухопловната база Едвардс доживеа страшна трагедија и загубивме осум извонредни Американци“, изјави полковникот Џејмс Хејс на прес-конференција. Тој посочи дека […]

Променливо облачно и топло, попладне можност за локален пороен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени Целзиусови. […]

Зеленски: Заедно со Трамп му предложивме на Путин средба во САД, сега чекаме одговор


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави на Меѓувладината конференција на Европската Унија дека заедно со американскиот претседател Доналд Трамп му предложиле на рускиот лидер Владимир Путин да одржат средба во САД. – Му предлагавме на Путин да се сретнеме каде било, доколку тоа овозможи донесување реални одлуки за прекин на војната – изјави Зеленски пред заминувањето […]

Венс: Меморандумот меѓу САД и Иран е општ документ, деталите допрва ќе се договараат


Американскиот потпретседател, Џеј Ди Венс, изјави денеска дека меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран е „мошне општ документ“ и оти деталите за конечниот договор ќе бидат усогласени во текот на натамошните преговори. „Меморандумот за разбирање има околу една и пол страница и е многу општ документ“, изјави Венс во разговор за „Си-Ен-Ен“. Тој додаде […]

Иран двапати губеше од Нов Зеланд, но освои бод во возбудлив натпревар


Репрезентациите на Иран и Нов Зеланд одиграа нерешено 2:2 на натпреварот од Светското првенство во Лос Анџелес, кој го одбележаа големи тензии и протести против иранските власти пред стадионот. Нов Зеланд водеше двапати, но двата пати Иран успеа да се врати и да освои бод. Иран најпрвин се закани во шестата минута преку Арија Јусефи, […]

Саудиска Арабија – Уругвај 1:1. Четири екипи со еден бод во Групата Х


Саудиска Арабија и Уругвај одиграа нерешено 1:1 во вториот натпревар од првото коло од Групата Х на Светското првенство. По нерешениот резултат помеѓу Шпанија и Зелено’ртските Острови, бодовите беа поделени и на овој натпревар, и сега сите екипи во групата имаат по еден бод. Абдулелах Ал-Амри им донесе водство на Саудијците, додека Максимилијано Араухо израмни […]

Земјотрес со јачина од 6,7 степени го потресе индонезискиот остров Сулавеси


Земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска го потресе индонезискиот остров Сулавеси, соопшти Националната метеоролошка и геофизичка служба на Индонезија. Според податоците на државната Агенција за метеорологија, климатологија и геофизика, епицентарот на потресот бил лоциран на околу 42 километри југоисточно од градот Палу, на длабочина од десет километри. Засега нема информации за […]

СП 2026: Египет поведе, Белгија изедначи – дуелот заврши без победник


Првиот натпревар од групата Г одигран синоќа во Сиетл меѓу Белгија и Египет заврши без победник 1:1. Неочекувано репрезентацијата од Африка поведе, додека Белгија успеа да изедначи во вториот дел. Египет поведе по асистенцијата на капитенот Мохамед Салах, а Емам Ашур го совлада Тибо Куртоа во 19.минута за водство на „фараоните“. Со овој резултат заврши […]