Муцунски во Лондон на средба со шефицата на британската дипломатија Ивет Купер


Screenshot

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Лондон.

Во британскиот Форин офис, Муцунски ќе оствари средба со својот хомолог, државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Ивет Купер.

Во насока на унапредување на надворешната трговија и поттикнување на извозот, министерот Муцунски ќе присуствува на отворањето на првиот вински саем на земјите од Централна и Источна Европа во Лондон, а воедно ќе го посети и македонскиот павилјон на овој саем, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Министерот Муцунски претходно беше во работна посета на Северна Рајна-Вестфалија на покана министерот за федерални, европски, меѓународни работи и медиуми на оваа германската покраина покраината Северна Рајна-Вестфалија, Натанаел Лимински, а по Лондон заминува во Даблин на средба со министерката за надворешни работи и одбрана на Ирска, Хелен Мекенти.