Палењето на дипломатските автомобили е напад врз Бугарија, изјави Јотова


Запалените автомобили (Фото: Б. Грданоски)

 

Палењето дипломатски автомобили, кои се сопственост на бугарската држава, претседателката Илијана Јотова го оценува како напад на самата Бугарија.

Вчера еден 44-годишник поли со бензин и запали два автомобили пред бугарската амбасада. Полицијата за неколку часа го приведе осомничениот. Министерството за надворешни работи и премиерот Христијан Мицкоски остро го осудија инцидентот.

Јотова зборуваше и и за денешната дебата во Европскиот парламент за извештајот за напредокот на Македонија.

„Имам сигнал од европратениците дека во последен момент во пленарната сала ќе се обидат да отстранат еден од текстовите што директно се однесува на работата на заедничката комисија според член 12 од Договорот за добрососедство, и со тоа да ја направат нејзината работа и нејзините заклучоци бесмислени во иднина. Колку што знам, во моментов се водат консултации во различните парламентарни групи“, рече Јотова.