Венко Филипче беше во Ваташа на годишнината од убиството на младинците


 

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во Ваташа на одбележување на 83-годишнината од масакрот на 12 младинци од бугарскиот окупатор.

„Денеска присуствуваме на одбележувањето на 83-годишнината од масакрот, убиството на младинците тука во Ваташа од страна на бугарскиот окупатор. Ова нѐ учи дека политиките на омраза и на поделба единствено до што водат се трагедии.

Затоа имаме обврска денес, во денешно време, да ги зајакнуваме демократијата, владеењето на правото и сите вредности и политики коишто произлегуваат како одговор од ужасите од Втората светска војна“, рече во изјавата Филипче.