Исплатени субвенции од 33 милиони евра на тутунарите за 2025
Министерство за финансии денеска исплати 2 две милијарди денари (33 милиони евра) субвенции за произведен и предаден тутун од реколтата 2025 година. Овие средства се наменети за 15.144 тутунопроизводители.
„Со исплатата се потврдува определбата на Владата за континуирана и навремена поддршка на земјоделството како една од клучните стопански гранки во државата, со посебен фокус на тутунарството како стратешка и традиционално значајна земјоделска дејност“, соопшти Министерството.
Владата и Министерството за финансии остануваат посветени на политики кои ќе придонесат за поголема конкурентност на домашното земјоделство, повисоки приходи за земјоделците и одржлив развој на аграрниот сектор, стои во соопштението од МФ.