Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал […]

Франција – Сенегал 3:1. Мбапе постигна два гола на отворањето на СП и испиша историја


Француската фудбалска репрезентација го победи Сенегал со 3-1 во Њујорк во нивниот прв натпревар од Групата I на Светското првенство. Килијан Мбапе постигна голови за Франција во 66-тата и 96-тата минута, а Бредли Баркола во 82-тата минута. Ибрахим Мбаје постигна гол за Сенегал во 95-тата минута. Натпреварот започна отворено, а Сенегал ја имаше својата прва […]

Стапката на вработеност на младите дипломирани лица во ЕУ порасна на 83 отсто


Стапката на вработеност на младите луѓе на возраст од 20 до 34 години во Европската Унија, кои неодамна завршиле средно или високо образование, во 2025 година порасна на 83,0 отсто, од 82,3 отсто претходната година, објави Евростат. Според податоците што ги соопшти европската статистичка служба, во последните 11 години стапката на вработеност на оваа група […]

Руска фрегата испука предупредувачки истрели кон британска јахта во Ла Манш


  Руски воен брод испука предупредувачки истрели на неколку стотини метри од британска јахта за забава што пловеше преку Ла Манш во вторник наутро, во период на зголемени тензии меѓу Лондон и Москва. Реткиот инцидент се случил во 11,40 часот наутро, на 35 километри јужно од островот Вајт и помалку од 50 километри северно од […]

СП 2026: Ренар го менува Ламуши на кормилото на Тунис


Тунис брзо најде замена за Сабри Ламуши, кој беше отпуштен по првиот натпревар на Светското првенство. Федерацијата на Тунис, објави дека го назначувањето Ерве Ренар за другите дуели на Мундијалот. Ламуши беше разрешен од своите должности по поразот од 5:1 од Шведска на првиот натпревар од Светското првенство. Во соопштението, Туниската фудбалска асоцијација објави дека […]

Ангелов се сомнева дека пожарите кај Штип се подметнати, МВР истражува


По појавата на четврти пожар кај Штип за само неколку дена, Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), изјави дека претпоставува оти пожарите се  подметнати и рече дека МВР истражува за да открие можни сторители.  -Во олку краток период да има вака сериозни пожари е навистина симптоматично и секако дека нè загрижува. […]

Србија и МОЛ потпишаа договор за НИС


Српската влада потпиша договор со унгарски МОЛ за идното управување со Нафтената индустрија на Србија (НИС), кој, под услов МОЛ успешно да го откупи уделот на Газпромнефт во НИС, ќе ѝ овозможи на унгарската компанија да стане мнозински сопственик на нафтената компанија и да обезбеди нејзин понатамошен развој и снабдување на Србија со нафтени производи. […]

Европскиот парламент го разгледува извештајот за Македонија, гласање утре, 17 јуни


  Европскиот парламент денес на пленарната седница во Стразбур го разгледа извештајот за напредокот на Македонија кон Европската унија. Конечното гласање за документот е закажано за утре, 17 јуни. Извештајот беше усвоен од Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) на 3 јуни со 43 гласа „за“ и 17 „против“. Неколку дена откако текстовите […]

Кремљ тврди дека во последниот разговор со Трамп, Путин не разговарал за средба со Зеленски


Советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не ја разгледувал можноста за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговиот последен телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. – Никој не ни се обратил со таков предлог-им рече Ушаков на новинарите. Трамп во неделата разговараше одделно со Путин […]

Договорот помеѓу САД и Иран ќе биде потпишан во планинското одморалиште Биргеншток


Потпишувањето на рамковниот договор помеѓу Иран и САД за завршување на војната на Блиски Исток ќе биде организирано во планинското одморалиште Биргеншток, централна Швајцарија. – Во оваа фаза, потпишувањето е закажано за петок, 19 јуни во Биргеншток, во кантонот Нидвалден. Местото го предложија пакистанските и катарските медијатори, како и САД и Иран, се наведува во […]

ЦУК: До 18 часот евидентирани 14 пожари на отворено од кои активни се пет


 На територијата на државата денеска до 18:00 часот се евидентирани вкупно 14 пожари на отворен простор од кои пет се активни, два се ставени под контрола, а седум се целосно изгаснати. Како што информира Центарот за упраување со кризи  (ЦУК), активни се пожарите во Општина Илинден – село Мршевци каде гори сува трева; Општина Босилово […]

Мегдан со Коста Солев и себеси


Авторот и есеист, Наум Пановски, е добитник на највисокото „Рациново признание“ за 2026 година. Оваа награда ја добива за романот „Коста Солев – смртопис“, роман со став, идеја и повик за себепреиспитување. Тој ја доби наградата во конкуренција на 25 пријавени дела. За Рациновото признание одлучуваше жири-комисијата во состав, проф. д-р Елизабета Шелева, проф. д-р […]

Продаден еден од најголемите синџири за пицерии во светот


Yum Brands објави во вторник дека го продава Pizza Hut, вториот најголем синџир за пицерии во светот, во договор вреден 2,7 милијарди долари. Новите сопственици го преземаат брендот со речиси 20.000 ресторани во повеќе од 100 земји, вклучувајќи седум ресторани што работат во Хрватска, објави Forbes Croatia. Синџирот за пицерии го купува инвестициската фирма LongRange […]

Дина Дума со „Скејтбордингот не е за девојчиња“ ја освои Nora Ephron Award на Tribeca Festival


Режисерката Дина Дума ја освои Nora Ephron Award на Tribeca Festival во Њујорк за својот втор долгометражен филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“, кој ја имаше својата светска премиера во рамки на фестивалот. Nora Ephron Award е специјално признание што се доделува на исклучителна жена филмска авторка која го претставува духот и визијата на легендарната […]

Мери Младеновска-Ѓорѓиевска, адвокатка и поранешна министерка за правда, одликувана со орден „Витез од редот на Ѕвездата на Италија“


Со декрет на претседателот на Република Италија, Серџо Матарела, на адвокатката и поранешна министерка за правда, Мери Младеновска-Ѓорѓиевска, ѝ е доделено високото државно признание орден „Витез од редот на Ѕвездата на Италија“. Ова значајно одликување на Младеновска-Ѓорѓиевска ѝ го врачи амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Н.Е. Паоло Палминтери, на свеченост организирана во италијанската […]

Владата усвои измени на Законот за трансплантација, граѓаните ќе можат да ја евидентираат и менуваат одлуката за дарување органи


Владата денеска на предлог на Министерството за здравство, го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечко тело заради лекување, со кој се предвидуваат нови механизми за евидентирање на волјата на граѓаните за органодарителство и се проширува опфатот на можни дарители во системот, соопштуваат од Министерството за здравство. […]

Владата даде зелено светло за „One Stop Shop“ со Албанија


Владата денеска го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Република Албанија. Со ова се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји кои не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе функционира со Србија и Косово. За целосна финализација останува да […]

БиХ повторно на сивата листа на „Манивал“ за спречување на перење пари


Босна и Херцеговина повторно се најде на сивата листа на Комитетот на експерти за евалуација на мерки за спречување на перење пари и финансирање на тероризам (Moneyval), бидејќи не ги исполни реформите што беа побарани од неа. Сараевскиот портал „Рапорт“ објави дека делегацијата на Министерството за безбедност на БиХ, која учествува на пленарниот состанок на […]

АД ЕСМ и Светска банка потпишаа договор за грант за когенеративна централа „РЕК Битола 1“


Договор за грант од 2,4 милиони долари за реализација на подготвителни активности за когенеративна централа „РЕК Битола 1“, помеѓу АД ЕСМ и Светска банка денеска беше потпишан во просториите на Владата во присуство на премиерот Христијан Мицкоски. Договорот што го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев и Карол Межеван, менаџерот на Светска банка […]

Повторно се активира пожарот во близина на КПУ Велес – Превалец


Денеска околу 09:50 часот избувнал пожар на отворен простор во непосредна близина на Казнено-поправната установа Велес – Превалец. Пожарот првично бил ставен под контрола за кратко време, но околу 13:00 часот, поради засилениот ветер, огнената линија повторно се активирала и се проширила во правец на селото Војница, Општина Чашка, информира Центарот за управување со кризи  […]