СП 2026: Ренар го менува Ламуши на кормилото на Тунис


Тунис брзо најде замена за Сабри Ламуши, кој беше отпуштен по првиот натпревар на Светското првенство. Федерацијата на Тунис, објави дека го назначувањето Ерве Ренар за другите дуели на Мундијалот.

Ламуши беше разрешен од своите должности по поразот од 5:1 од Шведска на првиот натпревар од Светското првенство.

Во соопштението, Туниската фудбалска асоцијација објави дека 57-годишниот француски селектор, кој беше селектор на Саудиска Арабија на претходното Светско првенство, веднаш ќе ја преземе контролата врз тимот.

Следниот противник на Тунис е Јапонија, а натпреварот се игра на 20.јуни во Монтереј.