Заменикот-шеф на дипломатијата ја обвини Бугарија за хибридни напади
Како земја кандидат за членство во ЕУ и членка на НАТО, Македонија е сѐ повеќе изложена на дезинформациски кампањи, сајбер закани и координирани операции за влијание, поради што државата презема конкретни мерки за јакнење на својата отпорност, изјави заменик-министеропт за надворешни работи, Зоран Димитровски, за време на состанокот на Советот за општи работи (ГАК) на ЕУ во Луксембург.
Во своето обраќање, како што пренесува МНР, тој рече дека хибридни закани доаѓаат од структури од Бугарија. тој рече де.
„Има засилени дезинформациски и хибридни активности кои во изминатиот период доаѓаат од структури и медиумски платформи поврзани со нашиот источен сосед кои имаат за цел да ја поткопаат довербата во институциите, да го поткопаат нашиот идентитет и да создадат поделби во општеството“, рекол Димитривски како што соопштува МНР. Тој нагласил дека Македонија останува цврсто посветена на добрососедските односи, меѓусебното почитување и конструктивниот дијалог, во духот на европските вредности и нашата заедничка европска иднина.
Состанокот на ГАК беше посветен на иницијативата Европски штит за демократија, а беше организиран од кипарското претседателство со ЕУ.
На дискусијата учествуваа министри од земјите кандидати за членство во ЕУ, при што беа разгледани можностите за продлабочување на соработката во рамките на Европскиот штит за демократија, како и придобивките од заедничките активности за зајакнување на демократската отпорност.
Во своето обраќање, Димитровски истакна дека манипулациите и странските влијанија во информацискиот простор денес претставуваат една од најсериозните закани за демократската безбедност, со потенцијал да создадат поларизација, да ја нарушат довербата во институциите и да ги поткопаат демократските процеси, особено изборите.