Пиеракакис: Грција во јуни предвремено ќе отплати 6,9 милијарди евра долг


Предвремена отплата на долг во висина од 6,9 милијарди евра од првиот меморандум, односно од првиот заем од европските земји на почетокот на економската криза, најави министерот за национална економија и финансии на Грција Кирјакос Пиеракакис во изјава за „Ројтерс“, јави дописничката на МИА од Атина. Според Пиеракакис предвремената отплата на долгот е планирана следниот […]

Венециското биенале „не е суд“, вели претседателот за повторното учество на Русија


Рим – Меѓународната уметничка изложба на Венециското биенале е простор за дијалог за подготовка на мир, а не суд, изјави во среда раководителот на фондацијата во страствен говор за да ја одбрани својата одлука да ѝ дозволи на Русија да се врати на настанот. На Москва ѝ е дозволено повторно да го отвори својот павилјон […]

Изложбата „Старите мајстори и македонската модерна“ е оригинален сликарски дијалог меѓу историјата и сегашноста


Во МКЦ во Скопје, синоќа, во друштво на сликите на „старите европски мајстори и великаните на македонската модерна“ , бројни љубители на уметноста, меѓу нив и претседателката Гордана Силјановска-Давкова, уживаа во оригиналниот сликарски дијалог меѓу историјата и сегашноста, концепт и избор на проф. Кирил Пенушлиски, остварувајќи го сонот што му го раскажал татко му, славниот […]

Зошто е важно да јадете протеини за појадок?


Дознајте зошто појадокот богат со протеини е најдобриот начин да се започне денот, како влијае на ситоста и метаболизмот и колку протеини се потребни за здраво и енергично утро. Во последниве години, се забележува тренд кон појадок што содржи повеќе протеини наместо јаглехидрати. Јајцата, грчкиот јогурт, урдата и протеинските пијалоци го заменуваат лебот, крофните и […]

„Кроација ерлајнс“ откажува 900 летови


Националниот хрватски авиопревозник „Кроација ерлајнс“ откажува околу 900 летови во следниот квартал, односно пет проценти од вкупно планираните 27.000 операции, поради драстичното зголемување на цените на млазното гориво што предизвика криза во светскиот воздушен сообраќај, пренесе регионалниот бизнис портал СЕЕбиз. Поради кризата предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток, авиокомпаниите ширум светот откажаа 13 илјади летови […]

Европската Унија има нови правила за возачки дозволи


Европскиот парламент гласаше за пакет нови правила за возачки дозволи што ќе важат низ целата Европска Унија. Реформата носи дигитални возачки дозволи, построги правила за сообраќајните прекршители и пониска старосна граница за професионалните возачи, сето тоа со цел зголемување на безбедноста на патиштата и хармонизирање на прописите. Се очекува целосната имплементација да биде постепена, а […]

Илијана Јотова денеска треба да го врачи мандатот за составување влада на Бугарија


Бугарската претседателка Илијана Јотова се очекува денеска да го врачи мандатот за составување влада, јави БТА. Во вторникот, по завршувањето на консултациите со парламентарните групи, Јотова соопшти дека мандатот ќе биде врачен на 7 мај во 17 часот. За време на средбите се издвоиле неколку теми што политичките сили ги сметаат за клучни приоритети – […]

Преговарачите на ЕУ не успеаја да постигнат спогодба за трговскиот договор со САД


Разговорите меѓу пратениците на Европската унија и владите за спроведување на трговскиот договор со Соединетите Американски Држави завршија без напредок во среда навечер. Исходот се заканува да го налути американскиот претседател Доналд Трамп, кој се закани дека ќе воведе царини од 25 проценти на европските автомобили ако ЕУ не успее да го спроведе трансатлантскиот трговски […]

Локални избори во Англија и парламентарни избори во Велс и Шкотска – прв голем тест за Стармер


Лабуристичката партија на британскиot премиер Кир Стармер денеска би можела да биде казнета од гласачите на локалните избори, на кои милиони граѓани се очекува да се насочат кон крајнодесничарската партија „Реформирај го Обединетото Кралство“ или кон радикално левата Зелена партија, оценуваат локални медиуми. Откако се врати на власт во јули 2024 година по 14 години […]

НБА: Њујорк го зголеми водството, Сан Антонио израмни


Кошаркарите на Њујорк поведоа со 2-0 против Филаделфија во полуфиналната плејоф серија на Источната во НБА лигата, откако синоќа на домашен терен триумфираа со 108-102. Џејлен Бренсон беше најефикасен во редовите на Њујорк со 26 поени, додека Оги Ануноби реализираше 24 поени. Во редовите на Филаделфија, која играше без повредениот Џоел Ембид, најефикасен со 28 […]

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови


Финалето на 71. издание на елитното европско клупско фудбалско натпреварување ќе донесе пресметка меѓу Арсенал и бранителот на титулата ПСЖ. Финалето на Лигата на шампиони ќе се игра на 30 мај во Будимпешта на „Пушкаш Арена“. Лондонски Арсенал дојде до финалето без пораз, со 11 победи и три нерешени, и гол-разлика 29-6. Сепак, во нокаут […]

Огромен крипто скандал ја тресе Полска, исчезнаа 82 милиони евра. Премиерот: Поврзано е со руската мафија


Државното обвинителство прими околу 1.500 пријави за можни кривични дела поврзани со неуспешната полска берза за криптовалути Zondacrypto, потврдија официјални лица во текот на истрагата за сомнителна измама на некогаш популарната платформа. Се истражуваат сомневања за измама и перење пари, а проценетите штети достигнуваат најмалку 350 милиони злоти, или 82 милиони евра, објавува TWP World. […]

ЕУ ги забранува алатките за вештачка интелигенција за креирање сексуализирани „длабоки фејкови“


Земјите-членки на ЕУ и преговарачите на Европскиот парламент постигнаа договор во четврток за забрана на апликациите за вештачка интелигенција што се користат за креирање сексуализирани „длабоки фејкови“ без согласност на вклучените лица. Договорот е дел од поширок законски пакет насочен кон поедноставување на дигиталната законска рамка на ЕУ и воведување хармонизирани правила за вештачка интелигенција, […]

Северна Кореја: Не сме обврзани со договорите за неширење нуклеарно оружје


Северна Кореја не е обврзана со ниту еден договор за неширење нуклеарно оружје, се наведува во соопштение објавено од севернокорејската агенција КЦТА. Ким Сон, постојан претставник на Северна Кореја во Обединетите нации, изјави дека САД и неколку други држави „ја загадуваат атмосферата“ на 11. Конференција за ревизија на Договорот за неширење нуклеарно оружје, што се […]

Почина кошаркарската и спортска легенда Владимир Цветковиќ


Владимир Цветковиќ, прославен југословенски кошаркар и долгогодишен генерален секретар на фудбалскиот клуб Црвена Звезда, почина на 85-годишна возраст. Ќе биде запаметен како елегантен играч под обрачот, но и како еден од креаторите на најголемите успеси на белградскиот клуб, со кој како службеник ги освои европските и светските шампионски титули. Целата своја играчка кариера, од 1959 […]

Централна прослава по повод Денот на полицијата – 7 Мај


Во кругот на Министерството за внатрешни работи во Скопје денеска ќе се одржи централна прослава за одбележување на Денот на македонската полиција – 7 Мај. На настанот обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев. На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе […]

Собранието ќе ја одржи 100-та седница


Собранието денеска ќе ја одржи 100-та седница, на чиј дневен ред се вкупно 17 точки. На денешната седница пратениците ќе дискутираат по Предлог на законот за ратификација на Рамковниот договор за воена соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција, Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна […]

Федерален судија објави наводна проштална белешка на Џефри Епштајн


Федерален судија од Њујорк објави документ опишан како проштална белешка, за која се тврди дека ја напишал Џефри Епштајн и во која се наведува: „Убаво е да можеш сам да го избереш моментот кога ќе кажеш збогум“. Епштајн, дискредитираниот финансиски инвеститор обвинет за сексуална трговија со малолетнички, беше пронајден мртов во својата ќелија во затвор […]

Без струја делови од Кисела Вода и Студеничани


Поради зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од Општина Кисела Вода и Општина Студеничани, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.   Од ЕВН Македонија АД известуваат дека од 08:30 до 15:30 часот, денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците на дел од улица „Милан […]

Дел од Центар без вода


Поради дефект во шахта и монтажа на водомер за паркови без водоснабдување денеска од 09:00 часот до завршување на работните активности ќе бидат дел од корисниците на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во Општина Центар. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, по добиено известување од ЈП Водовод и канализација – […]