Без вода делови од Бутел, Радишани и Кучевишка Бара


Поради изведување технички зафати утре од 05:00 часот, па до нивното завршување, без водоснабдување или со намален притисок на вода можено е да останат делови од населбите Бутел, Радишани и Кучевишка Бара, во Општина Бутел.  Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, прекинот е поради изведување на технички зафати во […]

Евакуацијата од крузерот погоден од хантавирус ќе започне в понеделник од Тенерифе


Евакуацијата на патниците од крузерот на кој избувна епидемија на хантавирус ќе започне в понеделник од Тенерифе на Канарските Острови, соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи. Се очекува бродот да пристигне на Канарските Острови во сабота. Тенерифе е најблиското пристаниште до кое моментално се наоѓа крузерот. Во меѓувреме, аргентинските власти соопштија дека холандската двојка која […]

Вучиќ презентираше план од пет точки за Србија


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави програмски текст во кој презентира план од пет точки за Србија потенцирајќи дека е потребно да се донесат смели и важни одлуки во наредниот период. Во авторски текст за „Курир“, Вучиќ наведува дека менувајќи се себеси, ја менуваме иднината, која, како што вели, е одредена од работата и од […]

Македонската филхармонија со концерт „Хармонија“ со виолинистот Нинг Фенг


Оркестарот на Македонската филхармонија вечерва ќе го одржи концертот „Хармонија“, на кој како солист ќе настапи реномираниот кинески виолинист Нинг Фенг, а диригент ќе биде маестро Емил Табаков од Бугарија. Нинг Фенг важи за еден од водечките виолинисти на меѓународната сцена. Иако често настапува со најзначајните оркестри во Кина, тој има и успешна европска и […]

Германско-македонски бизнис самит


„Примената на технологијата, дигитализацијата и вештачката интелигенција како двигатели на економскиот развој“ е темата на Германско-македонскиот бизнис самит што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори во странство, а во соработка со Германско-македонското стопанско здружение.  На настанот, што ќе обедини високи претставници од […]

Денеска ќе биде изречена пресуда за Стојанче Јовановски за трагедијата од 2 март


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за Стојанче Јовановски, обвинет за три кривични дела – телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, поврзани со трагедијата од 2 март годинава, кога неговата сопруга Ивана Јовановска и шестгодишната ќерка […]

Скопје домаќин на Регионална министерска конференција за демографските предизвици


Регионална министерска конференција на тема „Предводење на промените: Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето“ ќе се одржи денеска и утре во Скопје, во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади во партнерство со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).  Конференцијата ќе ја отвори премиерот Христијан Мицкоски, кој е покровител на […]

Променливо облачно време со повремен локален дожд и ветер од јужен правец


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а во југоисточните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.  Минималната температура, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 […]

Унгарија ѝ ги врати на Украина запленетите пари и злато


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вчера  изјави дека Унгарија ги врати парите и златото на украинската „Ошадбанка“, што унгарските тајни служби ги запленија во март. Во операцијата беа запленети околу 82 милиони долари и злато под сомнение за перење пари, а беа приведени и седум Украинци. Киев тоа го оцени како рекетирање. Сите средства и […]

ПСЖ го елиминира Баерн и се пласираше во финалето на Лигата на шампионите


Фудбалерите на ПСЖ се изборија за ново финале во Лигата на шампионите откако вечерва одиграа нерешено 1:1 во вториот натпревар од полуфиналето против Баерн во Минхен. Победата од 5:4 на првиот дуел се покажа решавачка за пласманот на ПСЖ во финалето. За францускиот тим ова е трето финале, а второ во низа во најквалитетното фудбалско […]

Шок во автомобилската индустрија: „Стелантис“ би можел да затвори фабрики, а Кинезите само тоа чекаат


Автомобилската индустрија во Европа влегува во нова фаза на притисок. Стелантис размислува за затворање на дури четири фабрики, а кинеските производители веќе се вклучуваат во приказната, сакајќи да преземат дел од фабриката. Стелантис се соочува со еден од најголемите предизвици во последните години. Според достапните информации, групацијата сериозно размислува за затворање на неколку фабрики во […]

Фабриката за секундарно селектирање отпад крај Прилеп готова – ѝ фали уште струја


Денеска во Прилеп бепе амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Сулстром, кој заедно со  претставници од амбасадата од шведската асоцијација SALAR како и работната група од Општина Прилеп, ја посети фабриката за селекција на отпад кај Алинци, проект со кој Прилеп станува пример во Македонија. – Горди сме што Прилеп денес се препознава како лидер во […]

Сум работел во седум држави, подобри луѓе од Македонците за мене нема!


Штип – Владимир Рогозански е Украинец кој живее во Германија каде работи како инженер -технолог по текстилство за компанијата Scehera. Завршил академија за текстилство во Киев, а во Макединија работно престојува од 2012 година кога до 2019 година три недели во месецот боравел во нашата држава, а една недела си одел дома, во Германија каде му […]

Емотивно видео на патник на крузерот со хантавирус: Ние не сме само наслови, ние сме луѓе кои имаат семејства


Инфлуенсерот за патувања Џејк Розмарин е на крузерот MV Hondius во Атлантскиот Океан, кој е ставен во карантин по сомневање за појава на хантавирус, ретка, но потенцијално сериозна болест. На бродот има околу 150 патници и членови на екипажот кои се изолирани со денови, додека медицинските тимови ја следат ситуацијата и се обидуваат да спречат […]

Трошоците за авионско гориво во САД се зголемија за 1,8 милијарди долари


Големите патнички авиокомпании потрошија малку повеќе од пет милијарди долари за гориво за авиони во март, што е за 1,8 милијарди долари или 56 проценти повеќе отколку во февруари, објави Министерството за транспорт. Цената по галон гориво во март изнесуваше 3,13 долари, што е зголемување од 74 центи или 31 процент во споредба со февруари. […]

Историски потег на Пјонгјанг: Ким Џонг Ун го промени уставот, дефинитивно стави крај на сонот за обединета Кореја


  Северна Кореја го ревидираше својот устав за да ја дефинира својата територија и трајно да ги отстрани сите референци за обединување на Корејскиот полуостров. Овој потег официјално ја кодифицира желбата на лидерот Ким Џонг Ун да ги третира двете Кореи како целосно одвоени држави. Според нацрт-текстот што го виде Ројтерс, ревизијата, за која се […]

Енрике: Му се восхитуваме на Баерн, но тоа е мотивација да бидеме подобри


Европскиот првак ПСЖ е на чекор до ново финале и шанса да ја брани титулата во Лигата на шампионите. Францускиот тим на првиот дуел имаше предност од 5:2, но не успеа да ја задржи и вечерашниот реванш во Минхен ќе биде исклучително тежок. –    Ќе играме во Минхен и ќе се стремиме да бидеме […]

Меџити: Започна отстранувањето на над 200 хаварисани и напуштени возила во Чаир


Општина Чаир денеска започна акциски процес за отстранување на над 200 хаварисани и напуштени возила од јавните површини на територијата на општината, со цел ослободување на паркинг-просторот и подобрување на урбаниот ред. Од општинската прес-служба соопштија дека со оваа акција веднаш се ослободуваат стотици паркинг-места за жителите, создавајќи пофункционални услови за движење и паркирање во […]

Нетанјаху загрижен поради евентуални американски отстапки во преговорите со Иран


Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху разговара со претставници на американската администрација за да има подобар увид во најновите случувања во преговорите помеѓу САД и Иран, јави Си-ен-ен повикувајќи се на неименувани извори. Наводно Нетанјаху се обидува да дојде до најновите информации за текот на преговорите и кои опции се на маса. Израел изразува загриженост поради […]

Мерил Стрип или Ана Винтур: Која е побогата?


Мерил Стрип и Ана Винтур (прв пат) се здружија за најновата насловна сторија на „Вог“, пред објавувањето на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“. Новата насловна страница на Vogue со Мерил Стрип и Ана Винтур брзо стана една од најзборуваните слики на познати личности на Интернет. Фотографиите ги спојуваат две жени чии имиња се тесно поврзани […]