Германско-македонски бизнис самит
„Примената на технологијата, дигитализацијата и вештачката интелигенција како двигатели на економскиот развој“ е темата на Германско-македонскиот бизнис самит што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори во странство, а во соработка со Германско-македонското стопанско здружение.
На настанот, што ќе обедини високи претставници од бизнис-секторот од државава, Германија и регионот, ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски.
Ќе се дискутира за економските перспективи на Северна Македонија и улогата на ИКТ-секторот, индустриска трансформација, автоматизација и иновации, дигитализација во логистиката и деловните процеси, улогата на стартапите во дигиталната трансформација и иднината на дигиталната економија и примената на вештачката интелигенција
Во рамки на самитот ќе се одржи и церемонија на која ќе биде доделена наградата German-Macedonian Business Award. Ќе бидат наградени компании што придонесуваат кон економската трансформација и иновациите.