Каде се создава заштедата, а каде нема простор за компромис? Како Lidl ја применува економијата на обем и како го гарантира квалитетот
Кога еден трговски синџир нуди конкурентни цени, природно се поставува прашањето како тие се постигнуваат. Во малопродажбата, одговорот може да се бара на повеќе места, како што се условите за набавка, транспортот, складирањето, управувањето со залихите и организацијата на продавниците. Но, кога станува збор за квалитетот, постои уште едно важно прашање, а тоа е како намалувањето на трошоците се усогласува со барањата за безбедност и високите стандарди.
Кај големите трговски системи, економијата на обем овозможува трошоците да се распределат на што поголем број производи. Поголемите количини создаваат простор за подобро планирање на набавките, а организираниот транспорт и дистрибуција помагаат ресурсите да се користат поефикасно. Кога набавката, транспортот и складирањето се изведуваат со пониски просечни трошоци, трговецот има поголем простор да понуди конкурентна цена. Кај Lidl, ефикасноста на процесите е еден од механизмите преку кои поволниот однос меѓу цената и квалитетот се одржува во целата понуда. Оптимизациите на процесите и ефективноста се во основата на бизнис моделот во сите земји во кои работи Lidl – и на тој начин се одржува високиот стандард секаде. Сепак, заштедата има економска вредност само ако не создава дополнителни ризици во работењето. Затоа, оптимизацијата на трошоците е поврзана и со начинот на кој се избираат добавувачите и се контролираат производите.

Lidl го организира транспортот со однапред планирани маршрути, при што целта е возилата да бидат што подобро искористени. Во логистиката на компанијата овој принцип се опишува со едноставен израз „да не се транспортира воздух“, односно секој камион да биде натоварен најоптимално, а количините и термините за испорака да бидат усогласени со потребите на продавниците. Стоката се доставува директно до логистичкиот центар, без непотребни претоварувања, а оттаму, по приемот и распоредувањето, се транспортира до продавниците. Со тоа се избегнуваат непотребни чекори во дистрибуцијата и дополнителни трошоци, се штеди време, а испораките се организираат поефикасно.
Во земјава оваа организација ќе се потпира на логистичкиот центар во Куманово, инвестиција вредна 115 милиони евра, со површина од околу 67.000 квадратни метри и капацитет за повеќе од 47.000 палети. Центарот ќе биде главна точка за прием, складирање и натамошна дистрибуција на стоката. Различните услови за складирање, вклучително и температурно контролираните зони, овозможуваат производите да се чуваат според нивните специфични барања. На тој начин логистичкиот центар ќе биде важна алка во синџирот што треба да обезбеди стоката навреме и во соодветни услови да стигне до продавниците.
Кај свежите производи, прецизното планирање на времето е особено важно. Нарачките направени до пладне треба да пристигнат во логистичкиот центар до шест часот следното утро, што остава ограничен временски простор за нивно преземање, прием и подготовка за понатамошна дистрибуција. За да функционира ваквиот распоред, потребна е координација меѓу добавувачите, транспортот и логистичкиот центар, со што испораките ќе се усогласуваат со планираните количини и потребите на продавниците. Навременото пристигнување и брзиот прием овозможуваат подобро управување со залихите, пократко задржување на производите во магацинот и поефикасно снабдување на продавниците.
Но, ако логистиката може да се оптимизира преку планирање, квалитетот бара контрола во секоја фаза при продукцијата на сопствените марки на Lidl меѓу кои најпознати се можеби Milbona, Pilos, Pikok, Dulano. Кај Lidl, проверките почнуваат уште при изборот на производителот. Се оценуваат неговите производствени капацитети, хигиенските услови, системите за контрола и следливоста на суровините. За производителите на храна, пак, IFS Food сертификатот е основен услов за соработка, а независни ревизии ги проверуваат производствените процеси и условите во погоните.
Кај свежото овошје и зеленчук, пак, добавувачите треба да ги исполнуваат стандардите GLOBALG.A.P., кои опфаќаат добри земјоделски практики, како и GRASP, кој се однесува на социјалните услови за работниците. Лабораториските анализи може да опфатат и проверка на остатоци од пестициди, тешки метали и други параметри. Компанијата соработува со независни акредитирани лаборатории, а колку често ќе се вршат проверките зависи од ризикот и од досегашните резултати на добавувачот.
Тука е суштинската разлика меѓу намалување на трошоците и намалување на стандардите. Рационалното планирање на транспортот, подоброто користење на складишниот простор и управувањето со залихите можат да ја зголемат ефикасноста. Контролата на безбедноста и квалитетот, пак, не е непотребен трошок, туку составен дел од процесот со кој се потврдува дека производот ги исполнува утврдените барања и е безбеден за продажба.
За македонскиот пазар, Lidl сега ја поставува инфраструктурата и процедурите за идното работење. Начинот на кој ќе бидат организирани набавката, логистиката и контролата на производите ќе биде важен дел од моделот со кој компанијата планира да понуди конкурентни цени, задржувајќи ги барањата за безбедност и квалитет во секоја фаза.
ПР објава